[ФОТО] Познатиот музичар се прегрнува и бакнува на плажа со двете поранешни сопруги: Не ги трга рацете од „бомбата“ во бикини, луѓето се во шок

Точка

04/08/2025

10:31

2.102

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот пејач Ерос Рамакоти повторно ги изненади своите обожаватели, овој пат со фотографии од неговиот летен одмор кои набрзо станаа вирални.

Славниот музичар успеа да направи нешто што денес речиси е незамисливо. Ерос Рамацоти е фотографиран на одмор во друштво на двете поранешни сопруги – Мишел Хунцикер и Марика Пелегринели.

Тој е еден од ретките познати личности кој успеал да остане во добри односи со поранешните партнерки, а во еден момент дури и се бакнувал со Марика.

Убавите Мишел и Марика се прегрнувале и галеле со Рамацоти, а откако фотографиите се појавија на социјалните мрежи, многумина коментираа дека „не е ни чудо што не може да им одолее, со оглед на тоа што двете изгледаат фантастично во бикини“.

Да потсетиме, од бракот со Мишел Хунцикер, Рамацоти ја има ќерката Аурора, додека со Марика Пелегринели има две деца, а овој пат одлучија сите заедно да го поминат летниот одмор како големо и сложно семејство.

Инаку, Мишел, која ја гледавме и на овогодинешната Евровизија, се појавува заедно со музичарот на фотографиите од Миконос, кои нивната ќерка Аурора ги сподели на својот Инстаграм профил.


И покрај разводот што се случи далечната 2002 година, Мишел и Ерос останаа во исклучително добри односи.

Нивната љубов, наводно, ја прекинал култот „Воини на светлината“, чија членка Мишел била пет години. Строгите правила на таа организација забранувале сексуални односи, алкохол, пушење и многу други нешта кои некои ги сметаат за пороци, а други за задоволства.

Dopo anni la verità.


Michelle Hunziker ed Eros Ramazzotti, ecco perché è finita la loro storia: http://fanpa.ge/CMxzy

Posted by Fanpage.it on Saturday 29 October 2016

Детали за оваа секта, во која била со години и која подоцна ја напуштила, Мишел ги открила во својата автобиографија „Наизглед совршен живот“. Во неа отворено напишала дека живеела во уверување дека е сестра на Исус и реинкарнација на нацистичка невеста.