Овие фотографии од бањите во Југославија будат носталгија: „Од прекинувачите ги губиш ’рскавиците во зглобовите“

Точка

05/05/2023

20:10

7.072

Големина на фонт

а а а

На Фејсбук страницата „Made in Yugoslavia“ се објавени фотографии од делови од бањи во Југославија и многу корисници на споменатата социјална мрежа се присетија на тој период.

Кога ќе се споменат стари купатила, на повеќето луѓе прво што им паѓа напамет се прекинувачите за светло, бојлер и греалка за кои ви беше потребно многу сила за да ги исклучите „од прва“. На фотографиите се гледа и познатиот фен за коса на „Iskra“ кој го имаше речиси секое домаќинство.

Yugoslav bathrooms ??❤️

Posted by Made in Yugoslavia on Monday, May 1, 2023

„Од фенот оглувуваш, а од прекинувачите ги губиш рскавиците во зглобовите“, „Огромна носталгија“, „Овие фотографии ме потсетуваат на детството“, се дел од коментарите.


Повеќето сметаат дека ваквите работи порано беа поквалитетни за разлика од она што денес може да се купи.


„Фенот на „Iskra“ служеше фантастично. До скоро работеше“, „Овие работи траат вечно“, „Имав идентичен фен во портокалова боја и траеше со години“, гласат коментарите.


Во поранешна Југославија се произведуваше речиси сè, „од игла до локомотива“, а на социјалните мрежи одвреме-навреме кружи и мапа на компании кои некогаш постоеле.


Оние кои се сеќаваат на поранешната држава често велат дека воопшто немало ни потреба за увоз, а некои од југословенските производи се користеа и низ целиот свет. Компаниите произведуваа авиони, бродови, автомобили, камиони, оружје па дури и компјутери. Тука се секако и компаниите за храна, облека и останати потрепштини, меѓутоа многу од нив веќе не постојат или се во стечај.