(Фото) Интернетот е полн со AI фотографии од папата Франциско, некои се урнебесни

Точка

29/03/2023

18:41

11.238

Големина на фонт

а а а

Фотографијата од папата во скафандер која ја создала вештачката интелигенција, овие денови го обиколи интернетот и истата ја видоа речиси сите корисници на социјалните мрежи.

Изгледа дека фотографијата, за која милиони луѓе не можеа да проценат дали е вистинска или лажна, ги инспирираше интернет корисниците од сите делови на светот и многумина го „облекоа“ папата, со помош на вештачката интелигенција, во уште десетици стајлинзи.

Но, тоа не е сè – вештачката интелигенција го смести папата Франциско во некои по малку неверојатни ситуации, а мораме да признаеме дека фотографиите се урнебесни.

Но, додека ваквите фотографии го забавуваат интернетот, експертите се загрижени. Во разговор за „CNN“, технолошката експертка Шинед Бовел објаснила зошто нешто како фотографија од папата во голема пуфер-јакна претставува закана.

„Мислам дека стана толку вирална, не само затоа што на некои луѓе им беше смешна, туку затоа што повеќето не можат да кажат дали е лажна. Со години знаеме дека фотографиите генерирани со помош на вештачката интелигенција претставуваат закана за демократијата и општествата во свет во кој не можеме да разликуваме вистина од лага“, изјавила Бовел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг