Најсреќната земја во светот подарува бесплатни патувања: Еве кои се условите

Точка

24/03/2023

23:06

12.613

Големина на фонт

а а а

Земјата подарува бесплатни патувања во Финска за четиридневен курс по финска филозофија и животен баланс.

Првиот „Мајсторски курс за среќа“ во Финска ќе се одржи од 12 до 15 јуни во луксузно одморалиште покрај езеро во јужна Финска.

Според "Visit Finland" „стручните тренери“ ќе опфатат четири теми за четири дена:

природа и начин на живот

здравје и рамнотежа

дизајн и секојдневен живот

храна и благосостојба

Сепак, само десет луѓе можат да присуствуваат на овој курс. За избраните ќе бидат покриени трошоците за часовите, плус патните трошоци.

Пријавите за учество на курсот се отворени од денес до 2 април. Заинтересираните патници треба да пополнат формулар и предизвик на социјалните мрежи, со што ќе покажат зошто „можеби тајно се Финци“.

Оние кои нема да бидат избрани да присуствуваат лично на курсот „не треба да се грижат“, бидејќи, според "Visit Finland", ќе можат да го гледаат истиот онлајн подоцна ова лето.

Финскиот извршен директор на компанијата за повратни информации од клиенти "HappiOrNot", Мик Макитало вели:

„Негуваме рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, веруваме во нашето општество и посветуваме време за да ја искористиме нашата близина со природата“.

Потсетуваме, според "World Happiness Report", најсреќна земја во светот, петта година по ред е токму Финска.




Спонзорирани линкови

Маркетинг