(Видео) Драма во Пентагон! Шпионски балон лета над САД: „Прилично е голем...“ – се плашат да го соборат поради една причина

Точка

03/02/2023

09:05

6.415

Големина на фонт

а а а

Постои сомнеж дека кинескиот шпионски балон неколку дена летал над САД, а високите американски функционери го советувале претседателот Џо Бајден да не го соборува поради страв дека остатоците би можеле да претставуваат безбедносна закана.

„Јасно е дека намерата на овој балон е надзор“, изјавил за новинарите доцна синоќа висок претставник на американската одбрана.

Пентагон го следел балонот неколку денови додека преминувал над северот од САД, изјавил портпаролот на Пентагон, генералот на бригадата Патрик Рајдер:

„Примерите на вакви активности забележани се во последните неколку години, вклучувајќи ги и во текот на претходната администрација“, изјавил тој.

Балонот ги прелетал Алеутските острови и Канада пред во средата да се појави над Билингс во Монтана, а токму во таа ретко населена американска сојузна држава се наоѓа еден од трите американски подземни комплекси за интерконтинентални балистички ракети – Minuteman III којшто според зборовите на официјалните лица е една од потенцијалните мети на кинеската шпионажа.

Го следат американските воени авиони

Тензиите меѓу Кина и САД, двете најголеми економски сили во светот, во последно време растат поради конфликтот околу Тајван и кинеските воени активности во Јужното кинеско море. Вашингтон го следи балонот откако пред неколку денови влегол во воздушниот простор на САД којшто вклучува и американски воени летала.

Официјалните лица одбиле да кажат колку високо летал балонот, но признале дека се движел над цивилизиран воздушен сообраќај и под „вселената“.

„Прилично е голем“

Во текот на брифингот за новинарите во Пентагон, претставниците одбиле да ја откријат моменталната локација на балонот, не сакале да дадат ниту повеќе детали за него, вклучувајќи ја и големината.

„Имавме извештаи од пилоти кои го виделе, иако е високо. Прилично е голем“, изјавил претставник на Пентагон.


„Укажавме на сериозноста на Кинезите“

Американските официјални лица го отвориле прашањето со своите кинески колеги:

„Им укажавме на сериозноста која ова прашање ја има за нас“, изјавил претставник. Шпионски балони летаа над САД неколку пати во последните години, но се чини дека овој се задржа повеќе од претходните.

„Моментално проценуваме дека овој балон има само ограничена дополнителна вредност од перспектива на собирање на податоци, но сепак ги преземаме чекорите да се заштитиме од собирање на чувствителни информации од страна на странски служби“, изјавиле од Пентагон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг