Малолетник со тешки повреди пренесен во болница: бил удрен од ауди

Макфакс

28/09/2026

06:50

225

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна незгода во Скопје вчера, малолетник е тешко повреден откако бил удрен од патничко возило ауди. Повредениот пешак е пренесен во Ургентниот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди, а случајот е пријавен до јавен обвинител.

Вчера во 16:00 часот на улицата „Славеј Планина“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управуванo од 25-годишниот Б.С. и малолетен пешак од Скопје.

Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој со возило на брза помош е пренесен во Ургентен центар Мајка Тереза каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Известен е јавен обвинител и по негови насоки возилото е одземено поради сторено кривично дело по член 297-а од страна на возачот Б.С. и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.