Иран: Имаме ново оружје и „изненадувања“ за секој потенцијален противник

Макфакс

27/09/2026

18:13

299

Големина на фонт

а а а

Иран објави дека располага со ново воено оружје и технологии и е подготвен да одговори на евентуална агресија, посочувајќи дека има изненадувања за потенцијалните противници и силна воена состојба.

Иран располага со нови воени технологии и е подготвен на евентуална агресија да одговори со понапредно оружје, изјави портпаролот на иранските вооружени сили, генерал Аболфазл Шекарчи.

Шекарчи рече дека иранската армија има „изненадувања“ за потенцијалниот противник и дека нејзините капацитети денес се значително поголеми отколку на почетокот на Иранско-ирачката војна.

„Со новите воени технологии ќе одговориме на евентуална агресија“, рече Шекарчи, додавајќи дека иранските ракети и беспилотни летала станале „понапредни и помоќни“.

Тој наведе дека Иран за време на војната со Ирак започнал да развива сопствена ракетна индустрија, а по Исламската револуција ја променил одбранбената доктрина и поголемо значење ѝ дал на асиметричната војна.

Иранскиот генерал оцени дека секој што би сметал на слаба отпорност на Иран би направил погрешна проценка, тврдејќи дека иранските вооружени сили се „во многу добра состојба“.

Шекарчи повтори и дека контролата врз Ормускиот Теснец е во рацете на Иран, предупредувајќи дека бродовите кои би се обиделе да пловат поинаку „нема да бидат безбедни“.