Променливо облачно со сончеви периоди: пониски утрински температури

Макфакс

28/09/2026

06:45

175

Големина на фонт

а а а

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со пониски утрински температури и умерен северен ветер, особено во областа на Скопје.

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Времето во наредните денови

Во текот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.