Папата Лав XIV против еутаназијата: „Невозможно е предизвикувањето смрт да се смета за нормално“

Макфакс

27/09/2026

21:10

158

Големина на фонт

а а а

Папата Лав XIV ја осуди еутаназијата за време на посетата на Лурд, повикувајќи на грижа за пациентите наместо прекинување на животот. Тој ја критикуваше европските законски рамки за еутаназија и потенцираше дека предизвикувањето на смрт не може да се смета за нормална појава.

Папата Лав XIV денеска, за време на посетата на француското аџилак-место Лурд, ги осуди сите форми на еутаназија и ги повика лекарите и здравствените работници да се грижат за пациентите кои страдаат, наместо да им го прекинуваат животот.

„Мора да го отфрлиме искушението да предизвикаме смрт под маската на лажно сочувство. Невозможно е предизвикувањето смрт да се смета за нешто нормално“, рече папата, додавајќи дека „она што е законски не е нужно и морално“.

Лав XIV порача и дека никој нема право да одлучува за животот врз основа на „лабораториски алгоритми“.

Папата ги критикуваше законските рамки за еутаназија во повеќе европски земји, меѓу кои Холандија и Белгија.

Француското Национално собрание годинава, по долга расправа, со големо мнозинство го усвои законот за потпомогнато умирање.

Лурд е претпоследната станица од посетата на Лав XIV на Франција. Утре тој ќе отпатува во Мец, во близина на француско-германската граница, каде што треба да одржи говор посветен на Европа.