Избрани најлошите градови во секоја држава во Европа – кој е „победникот“ од Македонија?

Точка

01/02/2023

09:29

17.734

Големина на фонт

а а а

На ТикТок профилот којшто неретко објавува мапи од Европа со необични податоци, објавена е една приказна за најлоши градови во секоја земја.

Мапата е објавена на профилот „Map of Geography“, а добила милион прегледи, но предизвикала и бројни полемики, а истата ги прикажува градовите кои се окарактеризирани како најлоши во секоја држава.


Мапата предизвикала многу коментари, главно негативни, а на многумина не им е јасна ниту основата зошто некои од градовите кои се издвоени како најлоши во државите ширум Европа завршиле на оваа мапа.

„Нема шанси Варна да е најлош град во Бугарија“, „Франкфурт е најдобриот град во Германија, а не најлош“, биле само некои од коментарите на оние кои не се задоволни од оваа листа.

Имало повеќе луѓе кои биле изненадени од листата и не им било јасно зошто некои од градовите завршиле на оваа неславна листа: „Дали сте сигурни за Даблин?“, „Белград, зошто?“, „Како тоа главен град е најлош?“.

Тоа што е интересно е тоа што никаде не е објаснета основата како е направена оваа мапа, а многумина коментирале дека Белград и Лисабон не треба да бидат на оваа мапа.

Во Македонија најлош град е прогласен Тетово, додека пак во Хрватска – Ѓаково, Целје е најлошиот град во Словенија.


Се согласувате ли вие со корисниците на ова популарна социјална мрежа или имате различно мислење?