На ТикТок кружи видео од девојка во задниот дел од автомобил при возење, која не го забележала морничавиот „гостин“ кој се наоѓал покрај неа.
„Таа нема поим“, стои во видеото кое е прегледано повеќе од 3 милиони пати, а многу тиктокери во коментарите напишале дека не разбираат за што се работи, иако видеото го прегледале неколку пати.
Погледнете го видеото.
„Може ли некој да ми објасни? Тотално сум збунета“, „Немам поим, јас ништо не гледам“, „Не разбирам“, „Три пати погледнав и не ми е јасно“, „Тука сум пред видеото да стане вирално“, пишувале збунетите тиктокери.
Непоканет гостин
Некои во коментарите откриле дека покрај девојката, на парапет над прозорецот, се скрил поголем пајак.
„ОМГ“, „Откако ќе го забележиш, нема враќање назад“, „Морничаво“, „Срцето ми застана“, „Во ред, а тој што снима само смирено следи сè? Би умрел од страв“, се само дел од коментарите.