Славната актерка Џулија Робертс која ја носи титулата најубава насмевка на Холивуд, денес го прославува својот 55 роденден, а малкумина знаат некои не толку убави детали од нејзиниот живот.
Таа неодамна гостувала во емисијата „Sunday Morning“ и за таа прилика открила што најмногу ја прави среќна во животот, но и некои други детали.
Актерката која се смета за една од најубавите во историјата на филмот, изјавила дека нејзиниот сон бил да се занимава со актерство, но дека тоа не е единствениот сон. На прашањето на водителката кои биле нејзините соништа, одговорила:
„Животот којшто го креирав со својот сопруг, животот којшто го изградив со своите деца. Најдобрата работа е кога на крајот од денот триумфално им го враќам нив“.

Популарната актерка од 2002 година е во брак со режисерот Даниел Модера со кој има три деца. Нејзините одговори стигнале до многумина на Инстаграм, што покажува следниот коментар:
„Затоа и си ѕвезда, затоа што имаш добри приоритети“.
Меѓутоа, на другите воопшто не им се допаднало тоа што го кажала, а ни актерката не им е симпатичка. Имено, ова најново интервју ја иницирало и „мрачната“ тајна од минатото.
Дали сте знаеле дека Џулија Роберт има толкав број на антифанови?
„Ниту една актерка нема да каже дека нeјзиниот сон е да има пари за да биде сигурна“, „Живот изграден на рушевини на други жени. Џулија го украде сопругот од друга жена, а потоа носеше маица со натпис „Low Vera“ (првата сопруга на Даниел). Се надевам дека Вера ќе најде љубов и повторно ќе се венча“, „Сопругот на Џулија беше оженет кога започна да се забавува со него. Имаа афера“, „Не сум твој фан. Да украдеш туѓ маж, па да се исмеваш со маица... Баш ниско“.
Џулија во 2000 година на снимањето на филмот „Мексиканец“ го запознала снимателот и режисер Даниел Модера, па започнале искрите меѓу нив.
Џулија тогаш била во врска, а Модера во брак. Поточно, актерката се забавувала со Бенџамин Блато, а Дениел бил во брак со шминкерката Вера Стајмберг со која се оженил во 1997 година.

Додека траела аферата, Модера останал во брак со Вера, а потоа се отселил од својот поранешен семеен дом, шест месеци откако тој и Џулија се запознале. Меѓутоа, Вера не сакала да се согласи на развод.
Речиси две години по нивната врска, додека поранешната сопруга и натаму одбивала да потпише развод, Џулија ги презела работите во свои раце.
Веројатно знаејќи дека папарацо фотографите ќе ја „уловат“ се појавила во Западен Холивуд носејќи маица со рачно напишан натпис: „Low Vera“.
За споменатата маица еднаш зборувала и во емисијата на Опра Винфри:
„Знаете за што стануваше збор? Приватна работа.















