[ФОТО] Џенифер Лопез каква не ја гледаме често: За сѐ е „виновна“ серијата која го освои светот

Точка

31/01/2026

16:58

643

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез ги изненади обожавателите на социјалните мрежи објавувајќи фотографии во екстравагантен фустан во боја на лаванда, што не е толку типичен избор за познатата пејачка и актерка.

Фустанот има прав корсет од тул и големо здолниште раширено на половината, наросено со тродимензионални рози. Косата ја собрала во разбушавена пунџа, а изгледот го комплетирала со висечки сребрени обетки за уште поголема елеганција.


Сепак, ова не е случајно, а инспирацијата за оваа објава доаѓа од четвртата сезона на серијата „Bridgerton“, на која таа е голем обожавател.

„Кој друг е возбуден за „Bridgerton“!? Знам дека сум“, напишала таа во објавата која очигледно се радувала на новата сезона од серијата.


Џенифер и Бен се откажаа од продажбата на куќата што ја делат

Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно ја тргнаа својата вила во Беверли Хилс од пазарот. Лопез и Афлек го купија имотот во мај 2023 година за 61 милион долари. Во јули следната година, еден месец пред Џенифер да поднесе барање за развод, вилата беше на пазарот на недвижности по повисока цена, дури 68 милиони долари. Сепак, една година подоцна, во мај 2025 година, цената беше намалена на нешто помалку од 60 милиони, пред да биде повлечена од пазарот за првпат во јули истата година.


Пред неколку месеци, тие решија повторно да ја продадат, по многу пониска цена од првичната, за 52 милиони долари, но сепак ја повлекоа од пазарот на недвижности.