[ВИДЕО] Тамара и Лука ставија точка на врската? Бришење заеднички фотографии и духовито видео кое ги збуни фановите

Точка

26/01/2026

12:40

7.113

Големина на фонт

а а а

Три години откако јавноста дозна за нивната љубовна врска, пејачката Тамара Тодевска и архитектот Лука Радовиќ веројатно ставија точка.

Тие иако долго време уживаа во заедничката љубов и среќни моменти, иако Лука беше близок со децата на Тамара, Дарен и Хана, сепак пејачката очигледно почетокот на новата година го започна и со ново љубовно поглавје.


Пејачката неодамна сподели духовито видео во кое преку реплика од серијата „Белиот лотос“ на хумористичен начин покажа како изгледа кога една слободна мајка повторно оди на љубовен состанок.

Објавата повторно го отвори прашањето: Дали Тамара Тодевска е повторно „сингл“?

Внимателните следбеници исто така забележале дека од инстаграм профилот на Тамара избришани се сите заеднички фотографии со Лука, а двајцата пoвеќе не се следат на ниту една од социјалните мрежи.


Да ве потсетиме, врската меѓу Тамара и Лука стана јавна во 2023 година, по нејзиниот развод од Александар Димитровски - Мачка.

Таа отворено и јавно зборуваше за новата љубов, а често споделуваа и заеднички моменти на социјалните мрежи.

Засега Тамара не се огласила официјално на оваа тема, па останува да видиме која е вистината на крајот од денот.