[ФОТО] Ѕвездите од „Модерна фамилија“ повторно заедно: Софија Вергара покажа што облече за дружбата

Точка

31/01/2026

21:10

1.083

Големина на фонт

а а а

Софија Вергара ги израдува обожавателите со ново повторно обединување со дел од актерската екипа од хит-серијата „Модерна фамилија“. Актерката на Инстаграм објави фотографии од дружење со Џули Боуен и Џеси Тајлер Фергусон, а на средбата им се придружи и сопругот на Фергусон, Џастин Микита.

Во серијата, која се емитуваше цели 11 сезони, Вергара ја толкуваше темпераментната Глорија Делгадо-Причет, Боуен беше Клер Данфи, а Фергусон – Мичел Причет.


За оваа пригода таа избра припиена кафеав плетен фустан, искомбиниран со кожна јакна во слична нијанса. Косата ѝ беше пуштена, а изгледот го надополни со дискретни обетки и впечатливи прстени.


Ова не е првпат актерите од „Модерна фамилија“ да се соберат по завршувањето на серијата во 2020 година. Во 2023 година Вергара беше домаќинка на дружба со Боуен и Фергусон со неговиот сопруг во својата вила, а подоцна истата година организираше и поголемо собирање на речиси целата екипа.

Во октомври минатата година Вергара потврди дека актерската екипа и понатаму е многу блиска. „Сè уште сме како семејство“, изјави таа за „E! News“, додавајќи дека имаат заедничка група за допишување и постојано си даваат поддршка.

Во последните месеци актерката е исклучително активна и на професионален план. Неодамна соработуваше со Октавија Спенсер во здравствената кампања „Detect the SOS“, насочена кон подигање на свеста за рано откривање на хронична бубрежна болест кај лица со висок крвен притисок или дијабетес тип 2. Рекламата ќе се емитува на 8 февруари, за време на „Супер Боул“ Super Bowl LX.


Минатата недела Вергaра привлече внимание и на премиерата на документарецот „Paris Hilton Infinite Icon: A Visual Memoir“, каде што се појави во елегантен кожен фустан без прерамки и се дружеше со други познати гости, меѓу кои беше и Хајди Клум.