[ФОТО] Македонскиот сопран Наде Талевска видно ослабната во секси издание, неодамна откри дека се разделила од сопругот: „Изминаа веќе неколку години...“

Точка

29/01/2026

09:03

1.420

Големина на фонт

а а а

Македонската пејачка Наде Талевска привлече големо внимание откако објави фотографија на социјалните мрежи на која се појавува во значително поинакво и посмело издание.

Пејачката која неодамна откри дека се развела од својот сопруг, на фотографијата позира во мини здолниште и отворена маица и личи како да е видно ослабната.

Несомнено, Наде изгледа навистина неверојатно, а на фотографијата е во друштво на пријател за којшто во нејзината објава напишала дека нивното другарство трае долги години.


Инаку, Наде е еден од нашите најдобри женски вокали и е сопран во Националната опера и балет, но и мајка на три сина: Максим (12), Михаил (10) и Матео (8).

Во врска со разделбата од нејзиниот сопруг, Наде за „Слободен печат“ неодамна изјави:

„Изминаа веќе неколку години откако нашите животни патишта се разминаа, меѓутоа неоспорен е фактот дека тој е посветен и грижлив татко кој секогаш е тука како голема поддршка на своите синови.

Не би била искрена ако кажам дека е лесно да се биде самохрана мајка, но задоволството е неискажливо кога сведочиш на тоа како твоите деца се развиваат во прекрасни и одговорни индивидуи“, изјави Наде.

Повеќе фотографии од Наде Талевска: