Дали знаете дека вашата мачка можеби има проблеми со забите?

Точка

04/10/2022

12:46

6.708

Големина на фонт

а а а

Може да ве изненади што мачките многу често страдаат од проблеми со забите, вилицата и устата. Бидејќи мачките се одлични во криењето знаци на непријатност и болка, може да биде тешко, како сопственик, да се види дека вашата мачка има проблем, мачката може да изгледа среќно и опуштено, па дури и може да јаде и пие нормално.

Очигледни симптоми на проблеми со забите кај мачките:

- Намалена активност за чистење, што доведува до лоша состојба на крзното на мачката
- Лош здив
- Лигавење
- Непријатност при јадење
- Крварење на непцата
- Намален апетит или губење на тежината

Грижата за забите е еден од најзанемарените здравствени проблеми со кои се занимаваат сопствениците на мачки.

Како и кај луѓето, бактериите од забниот плак постојано се формираат во устата на сите мачки и кучиња. Плакот може да се таложи на забите, непцата и јазикот, што доведува до лош здив, заболување на непцата (крварење), дентален плак и забен камен.

Ако не се преземе ништо ова може да предизвика неподнослива болка и најлошо од сè предвремено губење на забите. Откако плакот ќе се калцифицира во забен камен, повеќе не може да се измие со четка за заби. Во многу случаи мора да се отстрани од страна на ветеринар со помош на ултразвук и анестезија.

Ако таложењето забен камен не се лекува, може да резултира со лош здив, заболување на непцата, расипани заби и предвремено губење на забите. Забен камен кој е дозволено да остане предолго може да предизвика и инфекции кои можат да се шират низ телото и да го оштетат срцето, белите дробови, црниот дроб и негативно да влијаат врз функциите на бубрезите.

ProDen PlaqueOff® прашокот е патентиран стоматолошки производ за мачки, којшто може да помогне во намалување на лошиот здив наслагите и забниот камен. Овој целосно природен производ е направен од специјално избрани норвешки алги (D1070).

Бидејќи мачките имаат поспецифичен вкус, во составот на овој производ е додаден пивски квасец којшто мачките особено го сакаат.

Пред пуштање на производот во продажба е направен тест за прифатливост во “ Laboratories Le Centre de Sourches” Франција. Резултатот покажа 100% одобрување.

ProDen PlaqueOff® прашокот доаѓа во гранулирана форма која лесно се додава во храната секој ден. Активна состојка е специјално избраната алга, Ascophyllum nodosum, којашто расте на брегот на северниот дел од Атлантикот.

PlaqueOff Cat прашокот не содржи:

- пигменти;
- адитиви;
- вештачки конзерванси;
- глутен;
- шеќер

Системски делува против лош здив, забен камен и забен плак. Едноставно посипете врз храната на вашето домашно милениче. Вкусна формула специјално направена за остроумните мачки.

ProDen PlaqueOff® прашокот е 100 % природен, лесен и ефикасен начин за обезбедување добра орална и забна хигиена кај мачките.

*Најдобриот светски бренд за орална хигиена на миленици со 1,5 милијарди продадени дози.

Одржувањето на добра орална хигиена ќе го подобри квалитетот на животот на вашата мачка.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг