Купил сликичка од Мики Мантл за 50.000 долари, а ќе заработи 10 милиони

Точка

17/08/2022

07:13

11.120

Големина на фонт

а а а

Веста дека сликичката оди на аукција одекнала во колекционерските кругови па така Роб Гоух, актер и претприемач кој има позната линија за облека, се јавил ноќ пред почетокот на аукцијата и понудил 10 милиони долари.

Припадниците на генерациите "ипсилон" и "зет" без проблем ќе одговорат на прашањето која е Меган Маркл, но ретко кој ќе знае кој бил Мики Мантл. Тој професионален играч на бејзбол би можел да стане лик на најскапа спортска сликичка во историјата.

"Heritage Auctions" од Далас на 25-ти јули ја ставил сликичката на Мантл од 1952-ра година на аукција на која веќе надминала износ од 7.62 милиони долари, а се очекува до крајот на аукцијата да достигне дури 10 милиони долари! Наддавањето будно го следат сопствениците на тоа вредно парче спортска историја, 76-годишниот Ентони Џордано и неговите синови, пред чии очи се вртат вртоглави бројки.


Претприемачот Ентони картичката ја купил во 1991-ва година од познатиот колекционер Ал Росен за 50.000 долари, и по 31 година одлучил да ја понуди на продажба. Картичката добила висока оцена од 9,5, што значи дека е одлично сочувана. „Уживавме во неа 31 година, сите мои пријатели и роднини ја видоа, време да оди кај некој друг“, рекол Џордано и открил дека пред пет години имал понуда од два милиони долари. Но ја одбил. Делумно од сентиментално причини, бидејќи Мантл му бил омилен играч додека растел во Њујорк.

Веста дека сликичката оди на аукција одекнала во колекционерските кругови па така Роб Гоух, актер и претприемач кој има позната линија за облека, се јавил ноќ пред почетокот на аукцијата и понудил 10 милиони долари. И тој бил одбиен. "Heritage Auctions" проценува дека картичката ќе биде продадена можеби и за повисока сума.

Мантл е роден во 1931-ва година, а починал во 1995-та. Од 1951-ва до 1968-ма година играл за Њујорк Јенкис, како еден од најдобрите играчи во лигата.