Видеата од стјуардесата која покажува како да препознаете Балканци во авион станаа вирални: „Бараат сè што е за ‘џабе’, но и најскапите нешта...“

Точка

08/08/2022

23:44

18.799

Големина на фонт

а а а

Стјуардесата Кристина Грабеж на социјалните мрежи објавила видеа со наслов „Како да препознаете Балканец во авион?“, а истите станале вирални.

Од „тетки од Австралија“, преку „реалити ѕвезди“, па до оние кои и во авионите инсистираат на „домашна храна“ – Кристина ја прикажала секоја можна ситуација и насмеала многумина.

Таа ги повикала своите следбеници во коментари да ги напишат своите искуства, а многумина се огласиле:

„Го бараат сè она што е ‘џабе’ и најскапо. И откако ќе им остане храна меѓу забите не бараат чепкалка за заби туку ги користат прстите“, „Наши се оние кои ги отвораат горните полици и го тргаат безбедносниот појас во онаа секунда кога тркалата ќе го допрат тлото“, „Ова е сè точно, предобро“, биле дел од коментарите.

Инаку, Кристина редовно споделува ситуации од својот живот на стјуардеса со своите десеттина илјади следбеници на Инстаграм и на ТикТок.

Што мислите вие за ова?




Спонзорирани линкови

Маркетинг