Колку пати сте помислиле колку би ви бил полесен животот кога сите функционалности на еден лаптоп би можеле да ги соберете во компактен таблет? Постојаното одење од еден на друг состанок несомнено е полесно кога вашата торба не тежи дополнително. Samsung, тргнувајќи од потребите на своите корисници го создаде најдобриот таблет досега – Galaxy Tab S8.
Најдобриот таблет досега - Galaxy Tab S8, со сигурност може да се каже дека на секој начин е помоќен од традиционалните лаптопи. Токму затоа е време за промена. Замислете ги сите опции кои ви се отвораат имајќи го предвид фактот дека истовремено добивате функционалност, стил и компактност. Полн погодок кога сте растрчани од еден на друг состанок низ градот, но и кога уживате во удобноста на својот дом.
Одберете една од трите големини на екранот и откријте ги неверојатните можности кои серијата Galaxy Tab S8 ги нуди. Моделите Galaxy Tab S8 и S8 +, како и првиот таблет Tab S8 Ultra со најголемиот и најхрабриот екран и најмоќните перформанси што Galaxy Tab S ги понудил досега се дополнети со најсовремениот софтвер, премиум функциите и беспрекорниот екосистем на кој се потпираат корисниците на Galaxy, комбинирани во пренослив уред дизајниран за поголема продуктивност. Серијата Galaxy Tab S8 како никогаш досега ви ја дава на дланка слободата и флексибилноста што ја заслужувате.
Совршени во секој поглед
Серијата Galaxy Tab S8 нуди неверојатно тенки, но истовремено цврсти и удобни таблети на допир. Тесната црна лента долж задниот дел, каде што е сместен S Pen дава елегантен и софистициран изглед. Galaxy Tab S8 Ultra доаѓа во смела и безвременска темносива боја, а Tab S8 и S8 + во три модерни нијанси – темносива, сребрена и розово-златна. Samsung воведува нова Tab S8 Ultra Book Cover тастатура која дополнително ја подобрува функционалноста на серијата Ultra со пошироки копчиња со позадинско осветлување, приспособливи поставки за кратенки и прилагодливи агли за стоење. Тастатурата Book Cover е изработена од врвна антимикробна полиуретанска кожа и има стаклена плоча чувствителна на допир која овозможува непречено и брзо пишување. Покрај тоа, функцијата за споделување безжична тастатура може да ја поврзе вашата тастатура со вашиот паметен Galaxy телефон за лесно пишување на овие уреди.
Работете и патувајте безгрижно со Galaxy Tab S8 Ultra
Galaxy Tab S8 Ultra нуди премиум искуство со таблетот како ниеден друг Galaxy Tab досега. Со голем 14,6-инчен Super AMOLED екран и стапка на освежување од 120 Hz, ги има најтенките рабови досега на Galaxy Tab од 6,3 mm за максимален сооднос екран-куќиште и вистински приказ на слики. Неговиот впечатлив дисплеј е сместен во најтенкото, но најсилно куќиште досега, заштитено со зајакната алуминиумска рамка која е над 30% поотпорна на гребење и 40% поотпорна на свиткување во споредба со Galaxy Tab S7. Ова е најсовремена премиум технологија што можете да ја носите буквално насекаде. Tab S8 Ultra е дизајниран за целосно да се соживеете со секое видео, филм или игра во движење.
Онлајн состаноци на едно ново ниво
Без разлика дали работите од дома, од канцеларија или од аеродром помеѓу летови, видео повиците со Galaxy Tab 8 Ultra ќе бидат полесни од било кога. Опремен со моќни двојни предни камери од 12 MP, ви овозможува врвно искуство на видеоповици со професионален 4K видео квалитет. Напредниот хардвер совршено се вклопува со технологијата за автоматско кадрирање на Samsung која автоматски ве држи во фокус за време на повик и во исто време ја зголемува и намалува сликата за да ги видите новите учесници кога ќе ви се придружат. Исто така, ќе звучите исто толку јасно како што можете да се гледате, со три прецизни микрофони кои користат напредна технологија за да го пригушат несаканиот шум од позадината. Четири звучници со Dolby Atmos технологија на сите три модели Galaxy Tab S8 гарантираат дека сè звучи совршено, со автентични и јасни детали.
Серијата Galaxy Tab S8 е првиот таблет на Samsung кој поддржува Wi-Fi 6E, со што се дуплира протокот и се постигнува максимална брзина на Wi-Fi 6 стандардот, а благодарение на оптимизираниот мрежен квалитет, не мора да се грижите за поврзување. Дополнително имате можност да споделувате содржина за неколку секунди со хипербрзиот и безбеден Galaxy 5G – без разлика дали се приклучувате од далечина или го чистите вашето сандаче додека сте во движење.
Истражете ги бескрајните можности на креативноста
Без разлика која големина на таблет ќе ја изберете, новото S Pen пенкало доаѓа заедно со него и со помош на магнети се мести на задниот дел на Galaxy Tab S8 и го надополнува искуството со нова димензија. S Pen во комбинација со Samsung Notes е најбрзиот начин да ги запишете своите брилијантни идеи вредни богатство, и тоа за миг. Може да направи сè: белешки, скици, цртежи — дури може и да претвора ракопис во текст едноставно се што е неопходно за непречен проток на идеите. За оние со истакната креативна страна тука е Clip Studio Paint5. Чувството е исто како да сликате со вистинска четка, сега конечно може да им вдахнете живот на вашите најимагинативни креации. Galaxy Tab S8 серијата и Galaxy S22 серијата функционираат како спектакуларно платно и спектакуларна палета. Одебрете четки на телефонот, а платното на таблетот ќе остане чисто.
Батерија која ќе заборавите дека треба да ја наполните!
Не мора повеќе да се грижите дека на сред работна обврска ќе мора да барате приклучок за полнач. Особено кога сте во движење! Или оној ужасен момент кога на сред филмски маратон удобно стуткани во креветот мора да станувате да посегнете по полначот? Со Galaxy Tab S8, секогаш ќе бидате подготвени за акција! Опремен со паметна батерија што трае цел ден и поддржува часови и часови за репродукција на видео содржина кога следите филмски маратон. Поддржува супер брзо полнење од 45 W што може да ве врати на 100% за 80 минути. Ако на другите уреди им треба полнење додека сте во движење, едноставно поврзете го вашиот Galaxy Tab S8 со вашиот паметен телефон Galaxy S22 преку USB-C кабел и неверојатната батерија на овој таблет која се полни брзо може да послужи како пренослив полнач.
Снимајте, фотографирајте, креирајте!
Новите можности за 4K снимање на таблетите Galaxy Tab S8 Ultra ви овозможуваат да креирате кристално чиста, впечатлива видео содржина како со задната така и со ултра широката предна камера. Со приспособливата функција за селфи видеа, која е сега вградена во рекордерот на Samsung екранот и врвната алатка за уредување LumaFusion, ќе можете да ги користите вашите Galaxy Tab S8 и S Pen за да уредувате 4K видеа со голема прецизност. Широкиот екран на таблетот Galaxy Tab S8 Ultra исто така ви овозможува лесно да го поделите екранот на повеќе приспособливи прозорци за да можете да извршувате повеќе задачи истовремено без да се префрлате од една апликација во друга. Сега можете да барате инспирација, да пребарувате страници и да правите белешки за слајдовите за презентации во еден приказ. Таблетите исто така играат важна улога во поврзувањето со другите. Samsung и Google соработуваа за подобро искуство со видеоповици и споделување во живо со Google Duo, за да можете да гледате видеа на YouTube со пријателите, да го споделувате вашиот прелистувач за да го планирате вашиот следен состанок или да развивате креативни идеи користејќи JamBoard, интерактивна табла на Google.
Samsung ве поттикнува да живеете активно!
За првпат функција Samsung Health е достапна на таблетите Galaxy, така што можете да бескрајно да пребарувате видеа за физичка активност и постојано да ги следите информациите за вашето здравје и фитнес од вашиот часовник Galaxy на поголемиот екран.
Повеќе информации за уредите можете да погледнете на https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/.
Комерцијален текст