Неверојатно откритие – научниците велат дека ова не смее да се наоѓа на Месечината

Точка

29/09/2025

10:55

1.381

Големина на фонт

а а а

Откритието дека на Месечината постои ’рѓа ги збунило научниците затоа што нејзината површина нема услови за нејзино настанување.

Новото истражување покажало дека Месечината носи геолошки запис за влијаење на Земјината атмосфера, што довело до создавање хематит – облик на оксид на железо познат како ’рѓа.

Како Земјата влијае на Месечината

Тимот којшто го предводел Зилијанг Џин од Универзитетот за науки и технологии во Макао открил дека кислородот од Земјината атмосфера има клучна улога во процесот. Студијата била објавена во магазинот „Geophysical Research Letters“.


Додека Сончевиот ветер во поголем дел од времето ги „бомбардира“ и Земјата и Месечината, околу пет дена месечно Земјата ги блокира овие честички. Тогаш Месечината доаѓа под влијание на т.н. „земјин ветер“ – тек на кислород, азот и водород кој влегува во вселената. Кога тие јони ќе стигнат до тлото на Месечината, започнува хемиска реакција која создава хематит.

Хематит на половите на Месечината

Уште во 2020 година индиската мисија Чандрајан-1 идентификувала наслаги на хематит близу Месечевите полови. Тоа ги изненадило научниците затоа што ’рѓата вообичаено бара вода и кислород, услови кои на Месечината ги нема.

За да ја проверат теоријата, Џин и неговиот тим симулирале услови на Земјин ветер во лабораторија. Забрзале јоните на кислород и водород и ги насочувале на минералите богати со железо слични на оние на Месечината. Резултатите покажале дека кислородот ги трансформира кристалите во хематит, додека водородот ги враќа во железото.


Што следи – мисија за потврда

Резултатите потврдуваат дека кислородот од Земјата може да предизвика формирање хематит на Месечината.

„Тоа е одличен експеримент и многу паметен пристап“, оценил Шуаи Ли од Универзитетот во Хаваи научник којшто во 2020 година прв идентификувал хематит на Месечината.