„ChatGPT“ и останатите алатки за вештачка интелигенција овозможиле декодирање на делови од писмо, меѓутоа сега е невозможно да се пронајде Линда, која побарала одговор од оној што ќе го најде шишето со порака.
Малте Бајер и неговото семејство од германскиот регион Шварцвалд во Германија го пронашле шишето и писмото украсено со цртежи од шарени риби, морски коњчиња и чамци додека шетале по плажата.
„Успеав да разберам два збора – Англија и градот“ од кој е испратено, рекол тој. Потоа Бајерови го ставиле пронајденото шише меѓу школките во корпа, како сувенир од нивниот одмор.
Меѓутоа, сопругата на Бајер неодамна го потсетила на шишето и писмото, а со оглед на тоа што тој се занимава со вештачка интелигенција, решил уште еднаш да се обиде да го дешифрира.
Знаејќи дека вештачката интелигенција може да дешифрира и хиероглифи, Малте открил пишана порака: „Кој и да го пронајде ова, нека ми пише“, проследена со адресата: „5 Roslyn Crescent, Reading, England“.
Меѓутоа компанијата што моментално се наоѓа на таа адреса нема никакви сознанија за Линда. Според анализата, тие веруваат дека кога ја напишала пораката и го испратила шишето, Линда била во раните тинејџерски години.
Експертот за вештачка интелигенција, Мајкл Ханиш, изјавил за ДПА дека скенирањето и анализата би можеле да ги направат другите стари текстови повторно разбирливи и читливи.
Новите големи јазични модели (LLM) се подобри во дешифрирањето на контекстот од старите бидејќи ги гледаат текстовите и сликите како ист елемент. Новите модели се способни да ги пополнат деловите што недостасуваат, рече Ханиш.
„Откако вештачката интелигенција ќе види порака во шише или нешто слично, може да прави заклучоци, а тоа вклучува текст и адреси“, додаде тој.