„Моите пријатели од одделението се како мои внуци“: Италијанка се вратила во училница на 90 години

Точка

13/04/2022

16:37

12.756

Големина на фонт

а а а

Обожува историја, како што вели, делумно и поради тоа што добар дел од неа искусила и самата.

Италијанката која го пропуштила формалното образование поради Втората светска војна, се вратила во училница по својата училишна диплома и тоа на 90 години.

Анунцијата Мурџа е најстарата личност во историјата на своето вечерно училиште, каде оди за да добие диплома за средно училиште. Полага испити кои обично ги полагаат деца на возраст од 14 години. Таа го прави тоа во центарот во близина на својот дом во Долијанова, на Сардинија.

„Сакам да учам, отсекогаш ми се допаѓало тоа. Но, кога изби војната, за мене тоа се промени. Морав да одам да работам, бидејќи моето семејство се мачеше и јас морав да ја одиграм својата улога. Некогаш можеа да учат само оние што имаат пари“, рекла таа за "Il Messaggeroo".


Анунцијата рекла дека научила да шие кога била дете и станала кројачка. Но, читала и многу книги, па учела сама секогаш кога можела.

Нејзината страст се историја и музика.

„Секогаш сум сакала историски книги, делумно и поради тоа што искусив добар дел од историјата за која се пишува во книгите. Ги видов последиците од Првата светска војна и ја проживеав Втората“, вели таа.

Нејзината најмлада соученичка од одделението има 16 години, ученичка која повторно ќе полага за дипломата, додека Анунцијата прв пат ќе се обиде во јуни. Полагањето на испити, што вклучува тестови по италијански и математика, е неопходно за напредување во средното образование, кое во Италија се завршува на 18 години.


Марина Пилиа, наставничка по книжевност во училиштето, ја опишала Анунцијата како многу страсен и ангажиран ученик.

„Иако има потешкотии со слухот, таа активно учествува во наставата, посебно во историјата“, рекла Пилиа.

Последната личност во старосната група на Анунцијата која полагала испит во училиштето била 87 годишна жена во 2016-та година. Таа рекла нејзините наставници се "фантастични", а пријателите од одделението "се како нејзини внуци".