Овој човек зборува 24 јазици, а работи како чистач на теписи

Точка

12/04/2022

15:53

11.363

Големина на фонт

а а а

46-годишниот Вон Смит работи како чистач на теписи во САД за саатница помала од 20 долари. Течно зборува на осум јазици (англиски, португалски, шпански, руски, романски, бугарски, словачки и чешки), а конкретен разговор може да води на дури 24 јазици. Смит е хиперполиглот, а новинарката на "Washington Post" која со него минала некое време вели дека покрај Смит почнала да се интересира за границите човековите потенцијали.

Во детството знаел само два јазика - англиски, на кој зборувала неговата мајка и шпански, јазикот на неговиот татко. Во Мериленд, каде пораснал, не сакал да зборува на шпански јазик бидејќи не сакал дополнително да се разликува од другите деца. Но, набрзо почнал да "впива" и други јазици како сунѓер.

Бил опседнат со секој јазик со кој се сретнувал. Вкупно низ животот проучил 37 јазици, а се служи и со неколку знаковни. Освен што одлично ги впива самите зборови, Смит неверојатно добро ги учи и акцентите. „Луѓе од Холандија и Шпанија се воодушевуваат од неговиот акцент додека зборува холандски или каталонски“, пишува "Washington Post".

Вели дека сепак не го знае точниот број на јазици на кои може да комуницира. Моментално работи на учење на велшкиот јазик, а вели дека омилен јазик кој го знае му е бугарскиот.

Смит никогаш не работел работи поврзани со неговиот голем талент. Работел како обезбедување во дискотека, доставувач, шетач на кучиња...Сега работи како чистач на теписи и е задоволен од таа работа. Живее со својата мајка и ужива да пие кафе во разни кафулиња каде слуша непознати зборови и јазици со кои се сретнува.

Новинарката на "Washington Post" го одвеа Смит на снимање на главата за да се обиде да дознае по што неговиот ум се разликува од умовите на останатите луѓе. Се зачудила кога сфатила дека деловите од мозокот задолжени за разбирање на јазици кај Смит биле помали и помалку активни од нејзините, иако таа не е полиглот.

„Кај мене тоа е како логичка загатка. Јас составувам зборуви и така се обидувам да сфатам што значи некој збор што не го познавам. Користам контекст, не морам ни да гледам во речник, само погодувам што значи некој збор“, објаснува Смит како изгледа неговото учење на јазици.

Својата дарба не ја смета за ништо посебно, иако и за него е мистериозна. Вели дека отсекогаш памтел и броеви и датуми полесно од останатите луѓе, па смета дека тоа би можело да има врска со леснотијата со која учи јазици.