Маж купил остров, не сакал да го продаде ни за 40 милиони фунти: „Се заљубив во мирот“

Точка

11/04/2022

22:51

11.008

Големина на фонт

а а а

Британецот Брендон Гримшо, поранешен уредник на весник, во 1962-ра година го купил малиот остров Мојене кај Сејшелите. Тој остров бил напуштен се додека Брендон не го купил за само со 8.000 фунти. Поранешниот новинар веднаш се заљубил во својот нов дом, тишината и дивите животни кои престојуваат на островот, пренесува "Mirror".

„Се заљубив во тишината и мирот“, рекол во една прилика.

Претходно тој остров го нарекувале "мала прашума која излегува од океанот". По купувањето на островот Брендон со помош на Рене Антони Лафортуне, син на локален рибар, почнал да прави патеки преку грмушките. Посадиле и ново дрво во обид да го сменат изгледот на островот, а Брендон на островот донел џиновски желки и си направил скромна дрвена куќа.


Неговата напорна работа го привлекла вниманието на богатите инвеститори, кои Сејшелите ги доживувале како тропски рај и идеално место за луксузен одмор. Брендон го нарекле Робинзон Крусо од вистинскиот живот. Наводно му нуделе 40 милиони фунти, но тој не сакал неговиот остров да се претвори во луксузен ресорт.

Брендон на тој остров живеел од 1962-ра до 2012-та година кога починал. Со оглед на тоа дека немал деца, Брендон пред смртта со владата на Сејшелите потпишал договор според кој островот останува во нивна сопственост, но под услови кои владата ги исполнила. Островот е прогласен за национален парк и на него се наоѓа само музеј посветен на Брендон, мал ресторан и центар за џиновски желки.


„Мојене го научи да ги отвори очите и да ја види убавината околу себе и за тоа да му се заблагодари на Бога“, стои на надгробната плоча на Брендон. Островот дневно прима околу 50 гости.

Шефицата на националните паркови на Сејшелите Изабела Равиниа во една прилика рекла дека Брендон на тој остров ја пронашол својата среќа.

„Луѓето велат дека бил луд, но јас мислам спротивно. Тука ја пронашол својата среќа и не го интересирале парите. Можел да прифати понуди и да живее како богаташ, но наместо тоа одлучил да го остави островот како свое наследство“, рекла таа.