„Госпоѓа совршена“: Има само 15 години, а сега за првпат во олимписката историја изведе два четирикратни скокови

Точка

09/02/2022

15:03

33.211

Големина на фонт

а а а

Во тек се Зимските олимписки игри во Пекинг, а како и на многу игри пред овие, и сега се случи дебитант да го привлече целото внимание и да постави рекорд.

Еден од најзапазените моменти на овогодишните игри беше кога младата лизгачка од Русија го изведе најимпресивниот потег досега виден.

Имено, Камила Валиева изведе два четирикратни скокови и се обиде и трет пат, но падна. Меѓутоа без оглед на тоа, таа стана ѕвезда на Олимпијадата во Пекинг. Она што е интересно е што Валиева влезе во историјата на ЗОИ како прва уметничка лизгачка која воопшто направила четирикратен скок и со самото тоа постави рекорд само 6 месеци од своето дебитирање.

15-годишното девојче е вистинска сензација, го носи прекарот „Госпоѓа совршена“, а многу судии веќе ја прогласија за најдобра лизгачка во историјата и покрај тоа што само што ја започна сениорската кариера.

Започнала да учи лизгање пред 5-та година и сонувала да стане олимписка шампионка од своја 3-годишна возраст. Има 340.000 следбеници на Инстаграм каде споделува фотографии од своите тренинзи и начин на живот, а интересно е што Камила се фотографирала и за руското издание на магазинот „Вог“.

А за тоа дека веќе наголемо е ѕвезда во својата земја говори и фактот дека како подарок од своите фанови добила куче.

„Госпоѓа совршена“ признала дека уште сега веќе го чувствува товарот од притисокот:

„По малку го чувствувам овој товар, овој притисок бидејќи ова ми е прва сезона помеѓу возрасните лизгачи. Верувам дека понекогаш тој притисок и ме турка напред и тоа ми помага. Бев малку нервозна што се натпреварував и воодушевена сум што сум на Олимписките игри. Кога имав 3 години посакував да станам олимписка шампионка“, изјавила Валиева по слободното лизгање на затворениот стадион „Капитал“ во Пекинг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг