Голден Стејт е непрепознатлив без Кари, Рендл и Едвардс ги изрешетаа „воините“

Дерби

13/05/2025

11:56

149

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт едноставно е непрепознатлив тим во ситуација кога не може да располага со својата најголема ѕвезда, а од сето тоа знаат како да профитираат играчите на Минесота, кои рано утрово ја запишаа и третата победа во низа.

Полуфиналето на Западот по се изгледа е пред свршен чин по натпреварот кој се одигра во „Чејс центарот“, бидејќи тимот од Сан Франциско едноставно не може да пронајде решение за разиграните „волци“ без својот најдобар кошаркар.

Џулиус Ренд и Ентони Едвардс ги „изрешетаа“ „воините“ и заедно искомбинираа вкупно 61 поен во победата од 117:110, со тоа што првиот постигна 31, а вториот еден помалку.

Без својот лидер во тимот, Голден Стејт го губи и третиот меч во оваа полуфинална серија, а бидејќи се уште нема јасни информации за враќање на Кари, серијата може да биде решена веќе на следниот натпревар.

Џими Батлер имаше потпросечна партија и го заврши мечот со 14 поени, а најефикасен во Голден Стејт беше Каминга со 23 поени.