Тиаго: Магијата на Барселона е поголема од сè друго во фудбалот

Дерби

13/05/2025

12:56

178

Големина на фонт

а а а

Тиаго Алканата имаше шанса одблиску да го следи прогресот на оваа Барселона и во еден краток период беше десна рака на Ханси Флик, но дефинитивно никој не очекуваше дека Германецот ќе се погрижи за таков развој во краток временски интервал каков што сега гледаме во Каталонија.

Со исклучок на Лигата на шампиони каде Барса беше елиминирана во полуфиналето, тимот на германскиот стручњак ќе ги освои сите останатите титули во натпреварувањата кои учествуваше, а последна треба да биде онаа во Ли Лига која сега е речиси осигурана по големата „Ел Класико“ победа.

Ханси создаде офанзивна машинерија од Барселона и ја претвори во тим кој го игра најатрактивниот фудбал во Европа, па честитки за изгледот на неговиот тим сега пристигна и од Алкантара.

– Ние што сме биле дел од клубот, го доживуваме ова поладно, од потактичка и од потехничка фудбалска страна. Едноставно не смееме да престанеме да ја нагласуваме магијата која ја пренесува овој млад тим и овој стручен штаб за секој спортски фан. Магијата на Барселона е поголема од сè друго што се случува во европскиот фудбал.

– Има многу играчи за анализа, а еден секако е Јамал. Не треба да му се постават граници, мора да продолжи да се развива. Но, од друга страна, би ја истакнал и младоста на Кубарси и Ерик Гарсија, односно зрелоста за нивни години. Во средниот ред се издвојуваат Педри и Де Јонг, кој мило ми е што го даде оној плус кој му беше потребен. Изненаден сум од целиот тим, – изјави Алкантара.