Salt Bae за првпат им овозможи на фановите да му го слушнат гласот - неговото видео предизвика лавина реакции

Точка

13/11/2021

15:13

8.401

Големина на фонт

а а а

Нусрет Гокче, познат како Salt Bae, објави видео во кое неговите следбеници за првпат можат да го слушнат неговиот глас.

Пред неколку седмици отворил ресторан во Лондон, каде стекот чини 750 евра. Потоа објави дека наскоро си заминува од Лондон и дека својот 28 ресторан ќе го отвори во Саудиска Арабија. Во новото видео на Инстаграм им зборува на обожавтелите за тоа колку многу го сака Лондон.

"Чекај, чекај. Сакам нешто да кажам за Лондон. Тој е мој голем сон. Го сакам многу овој град бидејќи е поразличен", рекол Нусрет.

Потоа лицето кое го снимало го запраша колку добро знае англиски јазик.

"Скоро како Британец. Живели", одговорил тој.

Видеото предизвика лавина реакции, а не сите биле позитивни.