10 реченици кои привлекуваат добра енергија: Овие позитивни мисли го зајакнуваат духот и оптимизмот

Точка

15/10/2020

11:11

5.291

Големина на фонт

а а а

Нашето секојдневие во наредниот период ќе биде многу поинакво, но треба да се прилагодиме на истото и да го извлечеме најдоброто од сѐ.

Можеби тоа понекогаш ви се чини невозможно, но држете ја главата горе и сетете се на речениците кои ќе ви го вратат оптимизмот кога мислите дека животот не е фер. 

Наредните 10 цитати ќе ви помогнат да размислувате попозитивно и да не губите надеж:

1. Понекогаш треба само да поразговарате со 4-годишник и со 84-годишник за повторно да го разберете животот.

2. Што и да правите, никогаш не му се враќајте на она што ве скршило.

3. Кога ви се чини дека немате за што да бидете благодарни, проверете го својот пулс.

4. Запомнете дека ситуацијата во која моментално се наоѓате не е вашата крајна дестинација. Најдоброто допрва доаѓа.

5. Кога животот е сладок, кажете „благодарам“ и прославете. Кога животот е горчлив, кажете „благодарам“ и учете.


6. Лошите работи кои нѝ се случуваат во животот понекогаш нѐ насочуваат на патот кој ќе нѐ одведе до најдобрите работи што ќе нѝ се случат во животот.

7. Секој ден е нова можност да си го промените животот.

8. Најдете нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови кога морате да барате малку подолго.

9. Животот не мора да биде совршен за да биде прекрасен.

10. Најлошото нешто што ќе ви се случи во животот ќе ве научи никогаш да не го земате здраво за готово она најдоброто.

Идните 5 совети секогаш нека ви бидат водилка кога ви се чини дека животот не е праведен и кога ви треба малку „ветер во грб“.

Откажувањето никогаш нека не ви биде опција

Секој има тешки периоди, тоа е неизбежно. Но, во такви моменти замислете си колку би бил празен животот кога не би имало предизвици во него. Без потешкотиите и проблемите никогаш не би пораснале и не би учеле. Препреките нѐ прават живи, нѐ поттикнуваат на промени и на рушење бариери, а без нив би паднале во „замката“ на удобноста и самозадоволството.

Отворете ги срцето и умот за промени

Честопати си го комплицираме животот бидејќи се плашиме од промени. Меѓутоа, промените се потребни затоа што нѐ прават внимателни, нѝ помагаат да пораснеме и благодарение на нив, постојано се развиваме и учиме важни лекции. Промените честопати не се лесни и пријатни, но токму во тоа лежи нивната важност и вредност, зарем не? Најдобрите работи во животот се случуваат токму тогаш кога ќе стигнеме до раскрсница, кога сѐ нѝ се чини црно и кога не можеме да си замислиме дека ќе биде подобро.


Секогаш сетете се дека имате избор

Во секој момент имате моќ да го контролирате сопствениот живот и никаква надворешна сила не одлучува за тоа што ќе работите, каде ќе живеете или како ќе се однесувате. Сѐ е во ваши раце, па наместо да се плашите од таа одговорност или да ја негирате, прифатете ја.

Запомнете дека болката никогаш не трае засекогаш

Кога болката би траела засекогаш, не би знаеле што е среќа. Чувството на тага и болка треба да го спознаеме за да бидеме способни да чувствуваме среќа. Соочете се со тие негативни и непријатни чувства и оставете ги едноставно да поминат низ вас. Прифатете ја болката и заблагодарете ѝ се што ви одржала вредни лекции.

Фокусирајте се на она што е добро во вашиот живот

Честопати кога се чувствуваме скршено, се фокусираме само на она што е лошо во животот, наместо на она што е добро. Ако го насочите вниманието само на лошото, ќе привлекувате само лошо. Многу истражувања заклучиле дека луѓето кои се благодарни имаат подобар однос со другите луѓе, поздрави се, имаат попозитивни погледи кон животот и слично.



Спонзорирани линкови

Маркетинг