Кинезите објавија детална анализа на сите симптоми на коронавирусот – ова е вистината за Ковид-19

Точка

16/03/2020

22:17

23.833

Големина на фонт

а а а

Извештајот бил направен во знак на сеќавање на д-р Ли Ванлијанг (1986-2020), докторот кој ја откри епидемијата коронавирус. Благодарение на докторите од Кина, во едно од најдобрите медицински списанија на светот „The New England Journal of Medicine“, на 28-ми февруари 2020-та година, објавена била анализа на клиничките карактеристики на инфекцијата коронавирус.

Од декември 2019-та година, кога во Вухан - градот со 11.8 милиони жители се појави коронавирусот, истиот набрзо се прошири низ цела Кина и светот.

Болеста официјално беше наречена коронавирус болест, односно Ковид-19, а вирусот SARS-CoV-2 (англ. Severe Acute Respiratory Syndrome Coronavirus 2).

Анализирани биле 1.099 пациенти со лабораториски потврден Ковид-19 вирус од 552 болници во 30 провинции во Кина, до 19-ти јануари 2020-та година. Просечната старост на пациентите била 47 години, а 41.9 отсто од пациентите биле од женски пол, од кои најголемиот дел од нив непушачи (85.4 отсто).


Сериозна клиничка слика имало кај 67 пациенти (6.1 отсто), вклучувајќи и 5.0 отсто кои биле примени на интензивна нега, а 2.3 отсто биле изложени на инвазивна механичка вентилација и 1.4 отсто од нив починале.

Само 1.9 отсто од пациентите имале историја на директен контакт со диви животни.

Најчестите симптоми биле грозница (43.8 отсто при прием и 88.7 отсто во текот на хоспитализацијата) и кашлање (67.8 отсто). Дијареата била невообичаена (3.8 отсто). Фактот дека кивавица имале помалку од 5 отсто од пациентите кажува за различна клиничка слика во однос на вообичаениот грип.

Најголем број од пациентите претходно немале никаква болест додека пак зголемениот крвен притисок, дијабетес и болест на крвните садови биле најчестата патологија кај останатите пациенти.

Просечната инкубација била 4 дена, со распон од 2 до 7 дена.


Наодот на млечно стакло (англ. Ground0glass opacity) бил најчест радиолошки наод на компјутерската томографија на градите (56.4 отсто). Наоди без радиогравски или ЦТ абнормалности пронајден биле кај 157 од 877 пациенти со блага клиничка слика и кај 5 од 173 пациенти со тешка болест.

Лимфоцитопенијата била присутна кај 83.2 отсто од пациентите, додека пак биохемиските наоди покажале дека значајно е зголемен Ц реактивниот протеин (60.7 отсто), Д-димер (46.4 отсто) и лактат дехидрогенеза (41 отсто).

Поголем дел од пациентите примиле интравенска антибиотска терапија, терапија со кислород и системски глукокортикоиди.

Средното траење на хоспитализација било 12 дена

Иако авторите на оваа студија изјавиле дека имало одредени ограничувања, поради некомплетна документација, нецелосно медицинско тестирање и лабораториска дијагностика, нивната работа е исклучително важна затоа што докторите ширум светот даваат податоци со каква болест се соочуваат пациентите, каква клиничка слика имаат, текот на болеста и исходот на истата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг