Деми Мур неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а синоќа по којзнае кој пат потврди зошто баш таа ја заслужи спомнатата титула.
Деми Мур неодамна беше во трката за Оскар, но престижната златна статуетка „ѝ побегна“, а актерката не го криеше разочарувањето поради тоа.
Без оглед на пропуштањето на оваа награда, улогата во филмот „Substance“ повторно ја доведе до самиот врв на Холивуд.
Деми неодамна беше во центар на внимание во јавноста поради тоа што „People“ ја прогласи за најубава жена на светот.
Синоќа на свечената „TIME100“ гала-вечер во Њујорк актерката прошетала на црвениот тепих во елегантен бел фустан и по којзнае кој пат потврди зошто важи за една од најдобро облечените жени во Холивуд.
Актерката на гламурозниот настан носела фустан којшто има широк долен дел и висок прорез, додека пак горниот дел е украсен со набори околу струкот и лента којашто се врзува околу вратот и целосно ги открива рамениците.
Целокупниот изглед го надополнила со сако во иста нијанса на боја, па така комбинацијата била многу поелегантна.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Деми Мур?