[ФОТО] Листа на најсончевите градови во Европа – Доминација на една држава

Точка

25/04/2025

15:59

1.400

Големина на фонт

а а а

Картахена е најсончевиот град во Европа. Барем тоа го покажало истражувањето на онлајн платформата за изнајмување сместување „Holidu“, која ги анализирала податоците од платформата „World Weather Online“.

Се покажало дека овој историски пристаништен град во јужна Шпанија има просечна температура од 19,1 Целзиусови степени и 283 сончеви часови месечно, или околу 3.396 часа годишно.



Не само што Картахена се најде на врвот на листата на најсончеви градови во Европа, туку и седум други шпански градови ги зазедоа првите 10 места на листата – Аликанте на второто место, Малага на третото, Мурсија на четвртото, Гранада на петтото, Севиља на седмото, Кордоба на осмото и Мадрид на десеттото.



Единствените два града во првите десет најсончеви градови во Европа кои не припаѓаат на Шпанија се италијанската Катанија на шестото место и францускиот Марсеј на деветтото место.


Но, кога ќе се погледне малку пошироката листа од 30-те најсончеви градови во Европа, можат да се забележат градови лоцирани во Италија, Франција, Португалија и Грција.

10-те најсончеви градови во Европа според рангирањето на платформата „Holidu“:

1. Картахена, Шпанија, 283 сончеви часови месечно

2. Аликанте, Шпанија, 279,6 сончеви часови месечно

3. Малага, Шпанија, 279,3 сончеви часови месечно

4. Мурсија, Шпанија, 277 сончеви часови месечно

5. Гранада, Шпанија, 274 сончеви часови месечно

6. Катанија, Италија, 273,7 сончеви часови месечно

7. Севиља, Шпанија, 273,4 сончеви часови месечно

8. Кордоба, Шпанија, 268 сончеви часови месечно

9. Марсеј, Франција, 266 сончеви часови месечно

10. Мадрид, Шпанија, 265 сончеви часови месечно