Ѝ дошло преку глава од фотошопирани фотографии: Оваа Бразилка на саркастичен начин ја прикажува реалноста на Инстаграм

Точка

19/10/2019

19:58

9.692

Големина на фонт

а а а

Треба да ви биде удобно во сопствената кожа – ова е пораката на Бразилката Рената Неја која на духовит начин ја прикажува бесмисленоста зад Инстаграм фотографиите.

Рената на хумористичен начи ги реплицира фотографиите од популарните Инстаграм профили, а најчесто бира фотографии на жени во необични пози или фотографии на кои акцентот е ставен на одреден дел од телото. 

Велат дека убавината доаѓа во различни облици, а токму тоа оваа Бразилка сака да го сфатите додека ги гледате нејзините урнебесни имитации.

Рената има 27 илјади следбеници на својот профил кои уживаат во содржините кои им ги припрема во текот на неделата, а често е саркастична, понекогаш и цинична, но ја прикажува реалната верзија на животот на Инстаграм.



Спонзорирани линкови

Маркетинг