Вљубен пар скриен зад корисничкото име „twobeams1light“ на Тикток објави каква „незгода“ го снашла пред некој ден во клучен момент.
Штом младиот господин клекнал пред својата сакана девојка и го извадил прстенот, еден постар брачен пар влегол во кадарот и целосно го прикрил свечениот чин.
Видеото стана вирален хит на Тикток со повеќе од 13 милиони прегледи, што ја натера двојката да се пошегува и да напише како запросувањето ненамерно се претворило во совршена реклама за Сникерс.
Веројатно наскоро ќе дознаеме кој е несреќниот пар, бидејќи биле контактирани од неколку новински агенции, а интересно е да се додаде и приказната што ја објави „KitKat“ во коментарите, чии администратори во име на компанијата со седиште во Јорк изјавија „дека постои време и место за пауза, но дека тоа било на секое друго место освен на таа локација“.
Патем, младиот човек ѝ предложил брак на својата сакана девојка на Санторини, а многумина во коментарите го повикаа Сникерс да ја спонзорира свадбата на парот.