[ВИДЕО] Србинка на Бали го пробала најскапото кафе во светот: Се прави од мачкин измет

Точка

01/08/2025

21:00

1.022

Големина на фонт

а а а

Анастасија Милојиќ, српска тиктокерка позната по своите објави за патувања, ги изненади своите следбеници со видео од Бали во кое откри дека таму пробала кафе – кафе кое, како што рече, „искакала“ мачка.

„Го пробав за да не морате вие“, рече таа на почетокот од видеото, објаснувајќи дека наводно се работи за најскапото кафе во светот. „Во просек, чини околу 500 евра за килограм, но цените одат до 1.200 евра“, рече таа.

„Направено е од зрна кафе кои поминале низ дигестивниот систем на цибетка, вид мачка која јаде висококвалитетни зрна кафе, а откако ќе ги исфрли, зрната се мијат, сушат и печат“, објасни Анастасија.


Во врска со самиот вкус не можеше да каже многу бидејќи обично го пие кафето со млеко. „Ако се прашувате каков вкус има, јас лично не пијам кафе без млеко, па не можам да споредувам, но луѓето велат дека е навистина добро и има поубав вкус од обичното кафе“, додаде таа.

Реакции на следбениците

Нејзиното видео беше прегледано речиси 174 илјади пати за кратко време, а коментарите брзо само се редеа. Некои беа ужаснати и не можеа да поверуваат дека некој би пиел такво кафе, додека други се согласија дека се работи за навистина посебен пијалак.


„Не би го испила дури и животот да ми зависи од тоа“, „Интересно и храбро“, „Го пробавме и е сосема во ред за мене“, „Ја дури и го купив, го приготвуваме дома“, „Одлично е и вкусот е доста благ“, беа само дел од коментарите на корисниците.

Какво кафе е ова?

Се работи за кафе познато како „копи лувак“, кое доаѓа од Југоисточна Азија, најчесто од Индонезија, но и од Филипините и Виетнам. Посебно е по начинот на кој се прави – зрната кафе минуваат низ дигестивниот систем на цибетка, мало животно слично на мачка, по што се собираат, чистат и преработуваат.

Цибетките природно ги избираат најзрелите и најквалитетните зрна кафе, кои ги јадат, а зрната, иако ферментирани, остануваат недопрени. Откако ќе ги исфрлат, зрната се мијат, сушат и печат. Токму овој процес на ферментација во дигестивниот тракт, според производителите, му дава на кафето посебен вкус и поблага арома.

Поради сложениот и ограничен начин на производство, цената на „копи лувак“ е исклучително висока, а многумина го сметаат за најскапото кафе во светот.

Кога станува збор за вкусот, обожавателите тврдат дека е поблаго, помалку горчливо и има ноти на чоколадо, карамела и зачини, но од друга страна други сметаат дека целата приказна е повеќе маркетиншки трик отколку вистинска револуција во вкусот.

Сепак, ова кафе не е без контроверзии. Поради големата побарувачка, многу цибетки денес се чуваат во заробеништво и присилно се хранат со зрна кафе, што предизвикува загриженост поради суровоста кон животните. Вистинското, етички произведено кафе „копи лувак“ доаѓа од диви цибетки и е многу ретко, но и поскапо.