Контроверзен избор во Колумбија: Поранешен порно актер и сексуален работник избран за министер за еднаквост

Точка

02/08/2025

17:06

839

Големина на фонт

а а а

Хуан Карлос Флоријан е назначен за нов министер за еднаквост на Колумбија.

Со познавања од областа на човековите права и работа во меѓународни организации, тој привлече внимание со откритието дека е поранешен сексуален работник и порно актер.


Флоријан, политиколог по образование и заменик-министер во истото министерство од април, има речиси 20 години искуство во организации како што се „Лекари без граници“ и „Save the Children“.

Сепак, она што привлече најголемо внимание во последните денови не беше неговата обемна професионална кариера, туку фактот дека е поранешен порно актер. Во објава на Инстаграм, Флоријан рече дека не доаѓа од „елитата“.


„Доаѓам од улица, од борба, од вистински активизам. Бев сексуален работник, создавав содржина за возрасни, сум ХИВ позитивен и бев мигрант“, рече тој, „Но, јас сум и политиколог, бев креатор на јавни политики, јавен менаџер, бранител на човекови права, заменик-министер и, пред сè, син на народот кој не заборавил од каде доаѓа“, додаде Флоријан. Контроверзното назначување го објави кабинетот на претседателот оваа недела. Во текот на првите месеци од прогресивната влада, која започна со работа во август 2022 година, било основано Министерство за еднаквост.


Колумбискиот претседател Густаво Петро застана во одбрана на одлуката да го назначи Флоријан за министер за еднаквост, истакнувајќи ја неговата кариера.


„Тој го водеше ЛГБТИ одделот на Богота Хумана и поради тоа добиваше смртни закани. Отиде во егзил во Париз, каде што мораше да користи веб-камера за да преживее. Подоцна повторно се поврза со земјата, а јас сакав тој да ја преземе функцијата заменик-министер“, изјави Петро кон средината на јули.