Пет најубави места во Италија кои треба да ги посетите оваа есен

Точка

26/09/2019

11:57

6.173

Големина на фонт

а а а

Италија поседува толку богата култура, историски знаменитости и природна убавина што туризмот во неа “цвета” во текот на целата година.

Но, некои градови е многу подобро да ги посетите наесен отколку во лето. Пред сè за да го одбегнете туристичкиот метеж бидејќи летните месеци се “резервирани” за посетителите од другите континенти, а посетителите од “соседството” можат да ги искористат последните убави денови во годината. 

Милано

Есента е вистинско време за италијанската престолнина на модата. “Локалците “исчезнуваат” во текот на јуни, јули и август, но во септември се враќаат и дури тогаш можете да ја почувствувате силната и реална енергија на градот кога ќе ги видите облечени по последната италијанска мода”, вели Лука Финарди, генерален менаџер на “Мандарин Ориентал” во Милано.

Иако е есен, целиот град “расцутува” по модната недела, кога покрај историските знаменитости и излозите во кои се кријат неверојатни модни креации, станува вистинска атракција.

Сицилија

Сицилија е често посетувана во текот на летните месеци за да се искористи можноста за капење во морето. Токму тоа е причината поради која многумина всушност не ја ни запознаваат историјата и културата на овој остров. Есента е идеално годишно доба за посета на Сицилија бидејќи нема толку туристи, сè може да се посети, а морето е сè уште доволно топло за да можете да се капете во него.

За кој и дел да се одлучите да го посетите, ќе наидете на некои од грчките наследства од 8-тиот и 7-тиот век во време на големите освојувања на Медитеранот. Есента е, исто така, идеална за обиколка на вулканот Етна, а мештаните велат дека, доколку не го посетите вулканот, исто како да не сте биле на Сицилија.

Рим

Во Рим постои фразата “Settembrate Romane” што значи “совршен ден кога станува збор за времето, температурата и Сонцето, а тоа е она што го нуди Рим во септември и наесен”, вели Аморико кој целиот свој живот го поминал токму во овој град.

Туристичките атракции во престолнината на Италија се боженствени во било кое доба од годината, но ниту едно годишно време не нуди толку убави паркови, разноликост на бои и нереално прекрасни зајдисонца какви што пружа есента. Локалните жители особено обожуваат да ги посетуваат парковите ширум градот:

“Ние шетаме, јадеме, дремнуваме под сонцето, пиеме еспресо, а потоа шетаме уште малку”, вели еден Римјанин и ги советува туристите да пронајдат локални туристички организации за да го доживеат градот онака како што го гледаат Италијанците.

Апулија

Прекрасна област, од чии живописни бели градби се наѕира проѕирното сино море. Ова е вистинската слика на Апулија во есен, од која можете да бидете дел доколку ја посетите Италија во наредниот период.

Ова е една од областите во Италија која се истакнува по своите кулинарски специјалитети, а искусните рибари велат дека ова е доба од годината кое е идеално за рибарење во Јадранското море, што значи дека долж брегот се наоѓаат многубројни рибари кои ќе направат сета морска храна во рестораните да биде само неколку часа стара.

Брегот Амалфи и Капри

Овој дел од италијанското крајбрежје се смета за најромантичен во целата земја. Стрмните патеки кои водат над тиркизното море пружаат непопречен поглед, а целокупното доживување го краси мирисот на лимони кои растат во градините. Подеднакво идилична слика може да се види и на островот Капри, до кој од брегот се стигнува со кратко возење со брод.

Иако овие места се сметаат за “летни дестинации”, во нив можете да уживате и во есенските месеци:

“Чиста елеганција, несекојдневни пејсажи, величенствена вода и превкусна храна”, вака Де Бонис го опишал овој дел од Италија за “CNN Travel”.