Високото ниво на холестерол во крвта може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања и други здравствени проблеми.
Многу видови овошје содржат растворливи влакна, антиоксиданси и други хранливи материи што можат да помогнат во намалувањето на холестеролот.
Ова се девет овошја кои придонесуваат за пониско ниво на холестерол:
1. Јаболка
Јаболката се богат извор на влакна и полифеноли – две хранливи материи за кои бројни студии покажале дека го намалуваат холестеролот.
Во едно истражување, возрасни со умерено зголемен холестерол јаделе по две цели јаболка дневно во текот на 12 недели. Резултатите покажале намалување на вкупниот холестерол, LDL („лош“) холестеролот и триглицеридите.
2. Овошје со семка
Овошјето со семка, како што се кајсии, праски и сливи, содржи големи, тврди семки во средината и е богато со антиоксиданси како антоцијани, флавоноиди и каротеноиди, кои го штитат срцето.
Содржи и растворливи влакна за кои студиите покажале дека го намалуваат LDL холестеролот.
3. Манго
Манго е богат извор на влакна, витамини и минерали кои можат да помогнат во намалување на холестеролот и заштита на срцето.
Редовната консумација на манго се поврзува со понизок вкупен внес на диетален холестерол (холестерол од храната). Според едно истражување, мангото може да го намали ризикот од срцеви заболувања и други хронични состојби.
4. Цитрусно овошје
Портокалите, цитроните и другите агруми во повеќе студии покажале ефект на намалување на холестеролот.
Во едно истражување, возрасни кои јаделе по половина грејпфрут со секој оброк во текот на шест недели имале значително подобрување на "LDL" и вкупниот холестерол.
Портокалите и сокот од портокал, богати со антиоксиданси, исто така можат да помогнат во намалувањето на „лошиот“ холестерол.
Важно: Грејпфрутот може да влијае на дејството на статините – лекови за намалување на холестерол. Доколку земате статини, консултирајте се со лекар пред да консумирате грејпфрут.
5. Киви
Кивито може да помогне во регулирање на зголемен холестерол благодарение на богатството со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси.
Растворливите влакна во кивито можат да се врзат за холестеролот во крвта и да помогнат во неговото излачување.
Истражувањата покажуваат дека кивито го зголемува HDL („добриот“) холестерол, кој помага во намалувањето на „лошиот“ холестерол.
6. Круши
Редовната консумација на круши може да го подобри здравјето на срцето и да го намали високиот холестерол.
Истражувања на животни покажале дека крушите го намалуваат LDL и вкупниот холестерол, а најголема концентрација на активни материи што го намалуваат холестеролот се наоѓа во лушпата.
7. Јагодесто овошје
Малини, јагоди, боровинки и друго јагодесто овошје се богати со растворливи влакна и антиоксиданси, клучни за здравјето на срцето.
Метаанализи покажуваат дека консумацијата на јагодесто овошје значително го намалува "LDL" холестеролот, а можно е и да го зголемува "HDL" холестеролот.
8. Грозје
Грозјето е богато со полифеноли – растителни соединенија кои позитивно влијаат на холестеролот и здравјето на срцето.
Истражувањата покажуваат дека грозјето може да го намали вкупниот холестерол и да го зголеми "HDL", и кај здрави лица и кај оние со висок холестерол.
9. Авокадо
Авокадото содржи здрави масти и растителни стероли кои можат да помогнат во намалувањето на холестеролот.
Студиите покажуваат дека редовната консумација на авокадо го зголемува "HDL" и го намалува "LDL" холестеролот. Растителните стероли го блокираат делумното апсорбирање на холестеролот во цревата и го поттикнуваат неговото излачување.
Што предизвикува висок холестерол?
Високиот холестерол може да биде резултат на животни навики или генетски фактори.
Холестеролот е супстанција слична на маснотија, неопходна за одредени телесни функции, но во вишок може да се наталожи на ѕидовите на артериите и да предизвика коронарни заболувања.
Главни причини се:
• исхрана богата со заситени масти
• недостаток на физичка активност
• пушење
• консумација на алкохол
• прекумерен стрес
• генетика.
Ризикот расте и со возраста, полот, расата, одредени здравствени состојби и употребата на некои лекови.
Други начини за намалување на холестеролот
Намалувањето на високиот холестерол е клучно за превенција на срцеви заболувања, мозочен удар и други проблеми.
Покрај лековите што може да ви ги препише лекар, природниот пристап вклучува:
• исхрана прилагодена за здраво срце
• одржување здрава телесна тежина
• редовна физичка активност
• намалување на стресот
• прекин на пушење
• ограничување на алкохолот
• доволно спиење.