"Греми 2019" во знакот на жените: Дуа Липа откритие на годината, Аријана Гранде најдобар поп вокал, Гага и Купер добиле награда за "Shallow"

Точка

11/02/2019

11:11

1.808

Големина на фонт

а а а

Вчера во Лос Анџелес било одржано свеченото доделување на "Греми" наградите.

Свеченото 61-во по ред доделување на американските музички награди "Греми" било одржано вчера во Лос Анџелес. 

Кантри пејачката Кејси Масгрејвз ја освоила наградата за албум на годината за "Golden Hour", како и наградата во категоријата за најдобар кантри албум. Освен тоа, освоила и Греми за најдобра кантри песна "Space Cowboy", како и за најдобра кантри изведба за песната "Butterflies".

Уметничката имала голема конкуренција, раперите Кендрик Ламар и Дрејк, кои биле фаворити во неколку категории, меѓу кои и за наградата албум на годината.

Уметникот Доналд Гловер, попознат како Чајлдиш Гамбино, ја освоил наградата за најдобро видео, најдобра песна и најдобра изведба за "This is America".

За најдобро дуо биле прогласени Лејди Гага и Бредли Купер, кои заедно ја пеат песната "Shallow", главната песна од филмот "A Star is Born", остварување кое е номинирано за "Оскар".

Останати награди

Албум на годината: Кејси Масгрејвз за "Golden Hour"

Снимка на годината: Чајлдиш Гамбино за "This is America".

Песна на годината: Чајлдиш Гамбино за "This is America"

Откритие на годината: Дуа Липа

Најдобар видео клип: Чајлдиш Гамбино за "This is America"

Најдобар рап албум: Карди Би за "Invasion of privacy"

Најдобар рок албум: Грета Ван Флит за "From the Fires"

Најдобар поп вокал: Аријана Гранде за "Sweetener"

Најдобар дует: Лејди Гага и Бредли Купер за "Shallow"

Најдобар R&B Албум: H.E.R за "H.E.R"

Најдобар албум за алтернативна музика: "Space Cowboys"

Најдобар џез албум: Квартет Вејн шортер за "Emanon"

Најдобар блуз албум: Бади гај за "The Blues is Alive and Well"

Најдобар рок перформанс: Крис Корнел за "When Bad Does Good"




Спонзорирани линкови

Маркетинг