Американката Памела Дес Барес е една од најпознатите "groupie" девојки на сите времиња. Во нејзино време се забавувала со рокенрол боговите Џими Хендрикс, Роберт Плант, Мик Џегер, Френк Запа. За прв пат се појави пред 30 години, а нејзината книга "Јас сум со бендот" повотрно се издава овој пат со нови пикантерии.
Нејзиното прво популарно момче бил Кит Мун, тапанарот на рок бендот "The Who".
"Кит сакаше игри. Еднаш бев постара богата дама која бара младо момче, а друг пат бев проститука, а тој невин дојден од мал град. Пиевме многу таблети, а тој пиеше вотка како да умира од жед. Можеше да биде смешен, но имаше и темна страна. Една ноќ се разбуди и почна да плачи. Зборуваше дека е убиец. Не можеше да си прости дека случајно прегази човек со автомобилот. Сметаше дека е виновен за неговата смрт, бидејќи бил дрогиран", вели Памела.
Таа исто така тврди дека Џими Хендрикс сакал да имаат секс, но таа го одбила.
"Играв во краток филм кој го снимаа. Јас бев Дамата Фокси. Носев кратко фустанче и танцував околу бендот. Хендрикс ме заведуваше и невозможно е да се опиши неговата харизма. Не спиев со него, бидејќи имав само 17 години", вели таа.
Додека за Џим Морисон вели дека само се бакнувале и си помислила дека тој е најубавиот човек кој некогаш го сретнала. "Беше прекрасен, сè на него беше прекрасно".
Но, вистинската љубов за неа беше гитаристот на бендот "Led Zeppelin", Џими Пејџ.
"Беше многу романтичен. Поради него се чувствував како единствената жена на светот. Ме носеше секаде со него. Еднаш стоев на бината на која Џими влета со гитарата пред 80.000 фанови. Се чувствував како да сум дел од бендот. Девојките во публиката се прашуваа со кој од нив спијам и бев многу гордна. Бев токму тоа што сакам да бидам - девојка на главниот гитарист на најголемиот рок бенд на светот", раскажува Памела.
Откако ги објавила нејзините мемоари многу луѓе ја нарекувале со погрдни зборови и ја осудувале за начинот на кој живеела.
"Луѓето сакаат да осудуваат. Кога станува збор за секс тоа е толку табу, што е дури грозно. Никогаш не бев жртва, добив многу од тие врски. Жените кои кога ќе погледнат некој на бина и после сакаат да бидат со него - тоа е ултимативен феминистички акт, зарем не? За мене добар секс е како да си допрела до Бога и имала среќа да го доживееш и да пишував за тоа отворено и весело, додека многу жени не се", напиша 69 годишната Памела.