Дали некогаш сте размислувале за историјата на коктелите? Кој прв се осмелил да направи чекор напред и да создаде нешто ново, нешто автентично? Кој се издвоил како лидер и ги преминал границите во создавање нов вкус и ново доживување?
Што ви нуди автентичниот македонски коктел "Белегзија" ?
За "татко' на коктелите се смета Џери Томас, бармен во Њујорк кој во 1862 година ја издал својата прва книга со 236 рецепти за коктели. За создавање на своите коктели Џери користел високо квалитетни домашни состојки, а негови најпознати коктели се „Tom&Jerry“ и познатиот коктел „Blue Blazer”.
Неговиот наследник, Хари Џонсон, кој се смета за изумител на „кралот на коктелите“ уште познат под името „The Martini”. Џексон својата љубов кон создавањето коктели ја докажал кога станал победник на првиот натпревар во правење коктели во 1869 година воЊуОрлеанс.
Трендот за правење коктели полека започнал да се шири и во Европа, кога Хари Мек Елхон ја издал својата книга „Barflies and cocktails “. Сонот конечно му се исполнил кога заминал во Франција, а подоцна и во Америка каде се прославил како еден од најпознатите бармени.
Трендот на коктели во Европа го продолжил Хари Крадок кој го создал познатиот коктел, „Princess Mary’sPride”, а напрашањето кој е најдобар начин за пиење коктел, Хари одговорил „додека се уште ви се смее“.
Тоа што ги поврзува сите овие имиња, покрај љубовта кон коктелите и иновативноста, е храброста да се пркоси на поставените бариери, авантуристичкиот дух и потрага по нешто поразлично и непознато. Уметноста на создавање коктели ја пренеле преку своите книги, па така различни коктели потекнуваат од различни делови од светот.
Да создадеш коктел е да создадеш ремек дело, да знаеш да комбинираш состојки кои ќе бидат карактеристични за тебе, но и за твоето потекло. Едноставно, карактерот на секој бартендер можеш да го откриеш преку неговиот коктел. Што би бил добар бартендер без свој авторски коктел? За нешто да биде добро прво мора да биде направено со љубов, а во исто време да биде и вкусно, исто како првиот македонски коктел „Белегзија“.
Филип Арнаудов е Македонецот кој стои зад ова ремек дело, коктел од македонска ракија, кој е неговиот најпродаван коктел. Филип вели дека да создадеш коктел е уметност, љубов, но и искуство. Коктелот „Белегзија“ е прв македонски коктел во секоја смисла на зборот, коктел кој е создаден да се вклопи во нашата традиција, типичен вкус и македонско мени, каде што би го заменил десертот. Тоа што го прави овој коктел посебен е комбинацијата која се користи за негово создавање, лозова ракија, сок од јаболко и сируп од слатко од зелени смокви и малку ванила сируп. Со своето искуство, умешност и автентичност во правење коктели, Филип прерасна во џин кој знае денот да го претвори во исклучителен и посебен момент и бегство од вообичаеното секојдневие. Својата уметност ја покажа на SkopjeCalling, а сега го очекуваме и во Охрид повторно да ги покаже своите џиновски способности.Комбинација од најдиви вкусови скротени во чаша хармонија, креирана со љубов за да пренесе љубов, да биде вашиот ескапизам и да ве внесе во NEULAND.
Направете џиновски чекор, рушете ги барикадите, бидете лидер и пијте го коктелот додека сеуште ви се смее.