Војвотката од Сасекс уште еднаш носела неутрална комбинација, а сепак изгледала поразлично и ефектно. Нејзината тајна – внимателно избран крој и материјал совршен за пролет.
По подолга пауза, принцот Хари и Меган Маркл повторно се појавија заедно во јавноста, а овојпат таа била главна ѕвезда на настанот.
Војвотката од Сасекс зборувала на настанот „TIME100“ во организација на магазинот „Time“, каде зборувала за своите нови проекти, претприемништво и мирот којшто го пронашла во семејниот живот.
Таа е позната по елегантниот стил, а овојпат оставила впечаток на отмено модно издание, носела неутрална, беж комбинација.
Нејзиниот избор бил класичен пролетно-летен костум кој го потпишува америкнскиот тренд „Ralph Lauren“, комплет изработен од лен, совршен за топлите денови и вечери.
Долгите сакоа се апсолутно најпопуларни годинава, а Меган го зела предвид тоа, па носела струкиран модел, во комбинација со панталони со висок струк и многу широки ногавици.
Станува збор за уште еден совршен комплет, па така блејзерот чини речиси 2.500 долари, додека пак плисираните панталони околу 2.200 долари.
Комбинацијата ја надополнила со омиленото модно парче – класична бела кошула, а носела и салонки од модната куќа „ManoloBlahnik“, додека пак накитот бил од брендот „Cartier“.
Ленен комплет за пролет и лето
Ленената облека секоја пролет се враќа во мода со причина. Таа ѝ овозможува на кожата да дише, ја впива потта, многу е пријатна за високите температури и одлично се вклопува и во дневните и во вечерните прилики.
Изминативе години особено се популарни елегантните сетови составени од панталони и блејзери или панталони и елече кои даваат софистициран изглед.
Меган Маркл се одлучила за варијанта која изгледа малку „несредено“, што е прекрасен избор доколку не сакате да пеглате алишта, а сепак постигнала изглед којшто истовремено е опуштен и елегантен.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Меган Маркл?