Овој зачин е „убиец“ на црниот дроб: Сите кои често го употребуваат, треба да бидат особено внимателни

Точка

24/04/2025

12:46

2.060

Големина на фонт

а а а

Овој зачин може да има потенцијално штетни ефекти врз здравјето на црниот дроб.

Додека различни култури со векови наоѓале начини да ги искористат здравствените придобивки од овој зачин, тој релативно неодамна влезе во кујните на многу делови од светот.

Куркумата е вкусен зачин кој се користи во многу видови кари, супи и чорби, чили, јадења со месо, па дури и во модерните кафиња, како што е т.н. „golden latte“, познато и како „златно млеко“. Се користи илјадници години во Индија, Западна Африка и Полинезија, а исто така е дел од многу традиционални кинески лекови за воспаленија и проблеми со крвните садови.


Додека куркумата и разните додатоци во исхраната на база на куркума се препознаваат како генерално безбедни, неодамнешниот извештај тврди дека овој зачин може да има потенцијално штетни ефекти врз здравјето на црниот дроб, пишува „Eat This, Eat That“.

Покрај готвењето, куркумата се користи и како антиинфламаторно средство, а се верува дека има антиоксидантни својства, па оттука и популарноста на златното млечно кафе и додатоците во исхраната на база на куркума. Но, освен жолтите дамки што овој зачин ги остава на рацете, не се зборувало многу за други негативни ефекти од консумацијата на куркума – сè до неодамна.

Во научна студија објавена во „American Journal of Medicine“, истражувачите ја анализирале корелацијата помеѓу внесот на куркума и ризикот од оштетување на црниот дроб.


Според студијата, истражувачите откриле вкупно 16 случаи на оштетување на црниот дроб поврзано со куркума меѓу луѓето кои учествувале во студијата од 2011 до 2022 година. Степенот на овие оштетувања, наводно, се движел од умерени до тешки, што довело до пет хоспитализации, па дури и една смрт поради акутно оштетување на црниот дроб. Понатамошната хемиска анализа потврдила дека тројца од овие пациенти консумирале и куркума во комбинација со црн пипер, состојка која многу експерти советуваат да се комбинира со куркума бидејќи му помага на телото поефикасно да ја вари.

Иако наодите од оваа студија можеби не изгледаат многу убедливи, не треба да се игнорира поврзаноста помеѓу консумација на куркума и повисокиот ризик од оштетување на црниот дроб. Инаку ова не е првата студија која открила таква врска.


Постојат два одвоени случаи на возрасни кои имале оштетување на црниот дроб предизвикано од третман со куркума, опишани во 2021 година во меѓународното списание „Medical Case Reports Journal“. Истата година во Тоскана биле забележани уште неколку случаи на оштетување на црниот дроб поради консумирање куркума.

Овие студии и извештаи не треба нужно да предизвикаат загриженост или тревога, бидејќи оштетувањето на црниот дроб како директен резултат на консумирање куркума сè уште е многу ретко. Меѓутоа, ако вие или некој што го познавате често користи куркума во својата исхрана или додатоци, би било паметно да се консултирате со лекар или диететичар пред да додадете уште една лажица од овој зачин во вашето кафе или кари.