Оригинален рецепт за трилече: Дали знаете што всушност значи името на овој десерт?

Точка

24/04/2025

18:38

576

Големина на фонт

а а а

За потеклото на овој колач, чие име во превод значи „три млека“, многумина и понатаму дебатираат, некои тврдат дека потекнува од Јужна Америка, други од Мексико, се споменуваат и Албанија и Турција…

Но, во едно сите се согласуваат – вкусот на овој деликатес е божествен.

Состојки:

• 6 јајца

• прстофат сол

• 160 г шеќер

• 180 г брашно

• 1 лажичка прашок за печиво

Фил:


• 400 г засладено кондензирано млеко

• 2,5 дл слатка павлака

• 2,5 дл млеко

Карамела:

• 150 г шеќер

• 30 г путер

• 2 дл слатка павлака

• прстофат сол


Подготовка:

Одвојте ги белките од жолчките, па со миксер изматете ги белките. Додајте прстофат сол, а потоа и шеќер и мешајте додека смесата не се стегне. Потоа измешајте ги жолчките, додадете брашно и прашок за печиво, па сè лесно измешајте. Сипете во плех обложен со хартија за печење и печете 15 до 20 минути во загреана рерна на 200 степени.

Соединете ги кондензираното млеко, слатката павлака и млекото. Колачот извадете го од тепсијата, па во неа сипете третина од подготвениот прелив. Вратете го пандишпанот во тепсијата така што долната страна да биде свртена нагоре. Отстранете ја хартијата за печење и избоцкајте го пандишпанот со виљушка, а потоа прелијте го со остатокот од преливот. Оставете десетина минути да впие, па премачкајте со карамел прелив.

Загрејте го шеќерот во тенџерето на умерен оган да се растопи и да добие бежова боја. Тргнете го тенџерето од ринглата, па додајте една лажица путер и малку сол. Потоа додајте ја загреаната слатка павлака, вратете на рингла и варете уште неколку минути додека не добиете густина на сирупот за да се промешува. Колачот добро изладете го во фрижидер.