Прима слави јубилеј - 30 години постоење

Точка

24/04/2025

13:47

700

Големина на фонт

а а а

Колкав број фирми можат да се пофалат со 30-годишен јубилеј, кој дополнително е обележан со постојан раст и развој? Кога на тој податок ќе го додадеме и оној дека станува збор за регионален „играч“ кој постојано го зголемува бројот на земји низ кои се шири, тогаш е јасно дека станува збор за сериозна фирма.

Се разбира зборуваме за Прима која е водач во производството на мебел во Хрватска и со проширена мрежа на свои продажни салони во Македонија.          

Во нејзиното 30-годишно постоење, Прима од мала производствена единица, со добра визија, идеја, волја и работа, прерасна во име кое во себе ги има инкорпорирано квалитетот, современиот начин на живеење, дизајнот и потребите на потрошувачите. А сето тоа значи квалитетно изработен мебел во сега веќе неколкуте фабрики лоцирани во Хрватска користејќи само внимателно одбрани материјали. Но Прима не би била тоа што е, доколку мебелот не е и внимателно издизајниран од дизајнери кои секогаш будно ги следат новите трендови во светот на дизајн на ентериер и кој во своите визии ги внесуваат најдобрите решенија.  

Но во својот развој, Прима е пионер во проширувањето на дејноста во салоните каде што последниве години нуди неколку нови услуги кои им излегуваат пресрет на потрошувачите и нивните потреби, како: дизајн на ентериер, дизајн на кујни по мерка, 3Д-планирање кои нивните дизајнери и архитекти ги решаваат заедно со клиентите нудејќи на тој начин индивидуален пристап и најсоодветни решенија. 

Прима секогаш имала желба да им се приближи најмногу на своите потрошувачи со тоа што го најдува соодветниот простор за своите салони во сите поголеми градови, а во скоро време и својот web-shop кој овозможува преглед и нарачки од својот дом. 

Тука се и услугите: мерење, 3Д-планирање, превоз и монтажа на нарачаниот мебел и најважното: удобноста и уживањето во кое секој оној што ги користи мебелот на Прима може со 100 % сигурност да го потврди.

Овој 30-годишен јубилеј постоење, Прима ќе го прослави нудејќи топ попусти на 30 артикли од својот богат асортиман.

Погледнете повеќе на следниот линк : https://www.prima-mebel.mk/30-artikli-po-top-ceni или посетете ги салоните на Прима.   

Комерцијален текст