Повлекување на Note 7? Самсунг се подготвува за драстични и неочекувани мерки!

Точка

02/09/2016

15:00

5.993

Големина на фонт

а а а

Поради проблеми со батеријата на Note 7, Самсунг ја сопре испораката на овој телефон, а следната седмица можно е да започне да најави повлекување на продадените телефони и замена на нивните неисправни батерии.

Откако во изминатите две години Самсунг имаше големи проблеми со падот на профитот и намалената продажба на паметните телефони (иако во најголемиот дел од тој период Самсунг и натаму доминираше на пазарот на паметни телефони), во оваа компанија беа и повеќе од задоволни од состојбата на пазарот во 2016-та година.

Медиумите и корисниците одлично ги прифатија најновите модели од Galaxy S серијата, а врвот требаше да биде претставувањето на фаблетот Galaxy Note 7 на почетокот на минатиот месец, уред кој исто така доби големи пофалби и некои угледни новинари го прогласија за најдобриот телефон на светот.

Но, набрзо после стартот на продажбата на Note 7, на интернет започнаа да кружат фотографии кои го прикажуваа најновиот адут на Самсунг со експлодирана батерија, а сега се кулминираше со најавата од јужнокорејската компанија дека привремено ќе прекинат со испораката на овој модел додека точно не биде утврдено за каков проблем станува збор.


Според некои најнови гласини, се чини дека во оваа компанија, како што пренесува The Verge, се подготвуваат за „драстичен потег без преседан“ – повлекување на сите досега продадени модели на Note 7.

Споменатиот медиум се повикува на медиумите од Јужна Кореја кои што тврдат дека Самсунг најпрвин ќе објави резултати од истрагата поврзана со проблемите на батеријата (овој викенд, или веќе идната седмица) и потоа би можеле да најават повлекување на досега продадените примероци на кои што, како што пренесува Korea Herald бесплатно би биле заменети батериите.

„Најважната работа за нас е безбедноста на нашите корисници. Ние несакаме да ги разочараме нашите лојални корисници“, коментирал анонимен извор од Самсунг во врска со проблемите со кои што се соочува Note 7.


Galaxy Note 7 е достапен на седум пазари и од оваа компанија претходно објавија дека побарувачката за овој телефон ги надминала сите очекувања. Ако навистина дојде до глобално повлекување на најновиот Note 7, тоа апсолутно би бил голем удар за Самсунг кој би можел да влијае на вкупната продажба на нивните телефони во втората половина од оваа година.

Самсунг претходно новите модели на Galaxy Note ги претставуваше на почетокот на септември на IFA саемот во Берлин, но од појавувањето на Apple iPhone Plus со голем екран кој е главен конкурент на Note, јужнокорејската компанија се одлучи на порано претставување на Note, за нивниот телефон порано да се најде на пазарот пред Apple да го претстави својот „голем“ телефон.

Инаку, новиот iPhone 7 и iPhone 7 Plus пристигнуваат следната седмица, а додека Тим Кук ќе ги претставува сте новитети на новиот модел на големиот iPhone, Самсунг би можеле во меѓувреме да ги повлекуваат продадените Note 7 телефони и да се соочат со голем удар од конкуренцијата.