Три лесни "направи сама" маски за сува и оштетена коса

Точка

08/11/2013

17:45

22.848

Големина на фонт

а а а

Иако сите ние најпрво посегнуваме по шампони и регенератори кои ветуваат дека ќе ја ревитализираат нашата коса и ќе ја направат сјајна и мека, многу често се покајуваме што ме потрошиле многу пари за нешто што не ни одговара. А всушност природата ги има сите одговори за здравје и убавина!

Наместо средства за нега и хигиена на косата полни со хемикалии, токму овошјето и млечните производи, како и некои други кулинарски додатоци, можат да ни го дадат она што ни недостига за здрава коса.

Еве три маски за коса кои лесно се подготвуваат и нивните состојки се достапни во секој супермаркет.


Маска за коса со масло од кокос

Маслото од кокос не само што мириса прекрасно, туку е и перфектниот навлажнувач за жедните прамени изгорени од сонцето, фенот и пресата за коса. Се’ што ви треба за овој рецепт се 2 шолји за кафе кокосово масло, и 1 маслиново масло.

Упатство:

1.Комбинирајте ги двата видови масло во мал сад и добро промешајте.

2.Ставете ја смесата на косата, и фокусирајте се на врвовите

3.Замотајте ја косата во пунџа на врвот од главата, покријте ја со капа за туширање и оставете ја да ги апсорбира маслата околу 15-30 минути (зависно од тоа колку ви е косата оштетена)

4.Исплакнете темелно со вода

5.Нанесете шампон и регенератор како и обично


Маска за коса од банана

Оваа маска е перфектна за оние кои имаат тенки влакна и ретка коса – бананите содржат калиум, што ја зајакнува и исправа оштетената коса со тоа што станува потешка и паѓа надолу.

Состојки: 1 банана и 1 кафена лажица мед

Упатство:

1.Изблендирајте ја бананата со блендер, и осигурајте се дека сите парченца ќе ги снема и ќе имате перфектна течна и хомогена каша (ова е многу важно, затоа што ако има парченца, може да се залепат за косата и да не можете да ги извадите).

2.Ставете ја смесата на косата

3.Завиткајте ја косата во капа за туширање и почекајте 15-20 минути

4.Исплакнете со вода

5.Нанесете шампон и регенератор како и обично


Маска за коса со авокадо

Сигурно ви е веќе познато дека од авокадо се прави чудотворна маска за лице со навлажнувачки моќи, но знаевте ли дека можете да го користите и за да ја нахраните и сувата коса? Жолчките од јајца се исто така полни со протеини и вителин, и природно ќе ја освежат вашата коса.

Состојки:

Половина авокадо и една жолчка од јајце.

Упатства:

1.Изблендирајте ги авокадото и жолчката во блендер

2.Нанесете на главата, почнувајќи од врвовите па се’ до скалпот

3.Замотајте ја косата во капа за туширање и чекајте 15-20 минути

4.Измијте со вода

5.Нанесете шампон и регенератор како и обично


Додатен совет: Обидете се да ги нанесете овие маски под туш после шампонот. Топлината на водата ќе ги отвори фоликулите на косата и ќе им овозможи на маските да продрат подлабоко во ткивото на влакното. Покријте со капа за туширање, и на крајот од капењето, само исплакнете и завршете со регенераторот!