Вистински делириум на настапот на "Prodigy" на Егзит!

Точка

13/07/2013

13:15

6.939

Големина на фонт

а а а

Пред повеќе од 45.000 луѓе и со 12 минути задоцнување, "Prodigy" се појавиле на сцената и ја поздравиле публиката со "Voodoo people!".

По само 15 минути од нивниот настап, во првите редови се создал општ метеж во кој луѓето скокале едни преку други, па цел еден час бил потребен за масата да се стабилизира.


Повеќе од 45.000 луѓе синоќа престојувале пред главната сцена на Егзит во исчекување на настапот на "Prodigy". Дванаесет минути подоцна од планираното, ѕвездите на вечерта се појавиле на бината и во тој момент масата "експлодирала".


"Егзите, не ве гледаме!", викале момците од групата, а тоа дополнително ја стимулирало публиката енергично да им возврати на ѕвездите со безуморно викање, аплауз и танцување.


Општ метеж во публиката

Само 15 минути од почетокот на настапот, публиката која била застаната во првите редови направила општ хаос.



Луѓето се скокале едни преку други, истурајќи си пиво врз себе, додека сите останати се обидувале да излезат од "жарот". За тоа време, бендот ја повикувал публиката да го игра "танцот на војниците", изведувајќи ги хитовите "Breathe", "Omen", "Poison".


Неколку илјадници луѓе стоеле од страните и од лудилото во првите редови не можеле да видат што се случува на бината. Луѓето во искинати блузи и мокри од пивото, скокале во занес, засипувајќи ја бината со флуоресцентни нараквици. Тимот од организацијата на Егзит кои веќе со години работеле на овој фестивал, изјавиле дека ваква гужва досега е "незапаметена".


Еден час по почетокот на настапот, публиката пред главната бина се стабилизирала, но додека бендот ја изведувал песната "Spitfire", првите редови, како еден, скокале со подадени раце кон ѕвездите на вечерта.


Третата вечер од Егзит фестивалот започнала со настапот на британскиот панк бенд "GBH" кои што ја загреале публиката пред главната сцена пред настапот на "Prodigy". "Добра ви вечер! Ние сме "GBH" од Бирмингем, драго ни е што сме тука", изјавил пејачот Колин.


"Шутка" во првите редови

Дваесеттина панкери веднаш влетале во "шутка" пред бината, додека останатите љубители на овој правец уживале со пиво во раката во жестоките панк тонови. Набрзо пред главната бина се кренала и огромна прашина поради скокањето на публиката, па на "терен" излегле дури и панкерите-пожарникари.


Во продолжение погледнете само дел од атмосферата од третата вечер на Егзит, за која многумина фанови изјавиле дека сигурно не може да се опише со зборови!