Салата Борис Трајковски синоќа беше местото каде што хрватската пејачка Северина приреди вистинско шоу со кое што ги воодушеви Македонците. Преполната сала и секој стих од песните испеан и од публиката се само мал доказ дека Македонија ја сака Северина.
Старо и младо, машко и женско... Салата Борис Трајковски синоќа беше претесна за сите обожаватели на Северина, која што во македонската престолнина синоќа приреди шоу кое што дефинитивно ќе се памети. Громогласниот аплауз, заедничкото пеење на секој стих од песните на најпопуларната балканска пејачка и растреперените раце испружени кон сцената беа само мал дел од атмосферата која што долго ќе остане во сеќавањето на Македонците.

"На оваа турнеја научив дека ако сакаш, сигурно љубовта ќе ти биде возвратена. Тоа си го потврдив и во Македонија! Фала ви Македонци", беа зборовите со кои што Северина ги поздрави сите присутни на концертот. Покрај тоа што таа ги изведе своите најголеми хитови, "Brad Pitt", "Kamen oko vrata", "Grad bez ljudi", "Tarapana" и "Dobrodošao u klub", како што е и насловот на оваа нејзина голема турнеја, неверојатниот танчарски тим кој што ја придружуваше на секоја нејзина песна ја воодушеви публиката со неверојатните перформанси на некои од најголемите светски музички хитови.

"Камо да имав повеќе раце и сите во салава да можев да ве допрам", изјави Северина, поздравувајќи се со сите оние фанови во првите редови.

Облечена во црни екстравагантни костими, неодоливата Северина покажа дека и со своите 40 години и по раѓањето на својот син Александар, таа изгледа беспрекорно и многу подобро од голем број на нејзини помлади колешки, а кореографиите кои што ги изведуваше рамо до рамо со своите танчари беа доказ дека таа е во навистина одлична форма.

На шоуто од светски ранг присуствуваа и голем број на личности од македонскиот шоу-бизнис. Пејачите, водителите и политичарите беа само дел од огромниот број на обожаватели на Северина.

По шоуто, и социјалните мрежи беа преплавени со пофални зборови и коментари со восхит за Северина Вучковиќ, која во Скопје дојде во придружба на својот син Александар. Во продолжение погледнете дел од атмосферата синоќа во Борис Трајковски.